10.8 C
Скопје
00:32 - 4 април, 2026

ВИДЕО| Позната руска манекенка до смрт го избодела сопругот: Дома ја донел љубовницата и барал да им зготви јадење!

Руската манекенка која се прослави на насловната страница на „Vogue“ Лила Судакова (26), е обвинета дека го избодела сопругот до смрт по една љубоморна караница.

Имено, манекенката е обвинета дека го убила својот сопруг Сергеј Попов (28), откако во нивниот дом довел непозната девојка која ја запознал во барот и побарал од неа да им зготви вечера. Ако Лила биде осудена за убиство, може да добие 15 години.

Лила Судакова/Инстаграм

Нејзината мајка Ирена Судакова (48) изјавила дека нејзината ќерка веќе подолго време била жртва на семејно насилство и дека сето тоа било во самоодбрана.

Манекенката се појави и на насловната страница „Vogue Russia“ и во магазини во Италија, Кина, Јапонија, а исто така рекламираше и познати брендови за облека во Русија.

Откако го избодела сопругот, таа веднаш повикала брза помош која го одвела, меѓутоа во болница им подлегнал на повредите.

Лила Судакова/Принтскрин

Таа признала дека го избодела со нож својот сопруг со кого била четири години заедно и во првиот момент рекла дека тоа се случило поради љубомора, бидејќи тој флертувал со другата жена.

Мајката на осомничената додала дека пијаниот Попов довел во домот непозната девојка и од нејзината ќерка очекувал да им зготви вечера.

Тој ја фатил силно за коса и ја удрил во нозете, а тоа наводно можело да го потврди и очевидецот кој бил во куќата.

– Се тргнал од неа, но се вратил додека таа сецкала зеленчук за салата. Ја фатил за коса и додека таа се обидувала да се одбрани, случајно го погодила со ножот. Мојата ќерка се тресеше цела. Таа тука е жртва, ова било самоодбрана – рекла нејзината мајка.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....