20:33 - 22 јули, 2026

По препорака на СЗО: Комисија на ОН го симна канабисот од листата на најопасни наркотици

Канабисот и смолата од канабис се симнати од листата на најопасни наркотици, но остануваат под малку построг режим на контрола. Одлуката ја донесе Комисијата за наркотични дроги при Обединетите нации (ОН), по препораката на Светската здравствена организација (СЗО), но токму „построгиот режим“ не дозволува легализација на марихуаната во меѓународен систем за контрола на наркотици.

За симнување на канабисот и смолата од канабис од Четврта категорија, според Единствената конвенција за наркотични дроги, гласаа 27 члена на Комисијата, 25 беа против, а еден беше воздржан, соопшти агенцијата на ОН.

Според Конвенцијата од 1961 година, меѓународен договор за забрана на производство и набавка на одредени лекови, канабис и смола од канабис досега беше во категоријата четири, заедно со хероинот и други опоиди.
Канабисот и смолата од канабис, по гласањето на Комисија на ОН, ќе бидат во иста категорија со кокаин, метадон, фентанил, опиум и морфиум.

Канада и Уругвај се единствените две земји што легализираа продажба и употреба на канабис за рекреативни цели, додека многу земји низ светот го декриминализираа поседувањето марихуана.

Експертите велат дека отстранувањето на канабисот од категоријата најопасни наркотици може да доведе до слабеење на меѓународните контроли врз марихуаната за медицински цели.

Слични објави

(Фото) Познатата холивудска актерка пристигна во Хрватска, позирала боса пред водопадот на Крка

Еспресо

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

(Фото) Познато е кој ќе ја наследи Ана Винтур во „Вог“: Таа е ќерка на холивудски ѕвезди

Еспресо
Се вчитува....