02:15 - 2 август, 2026

(ВИДЕО) ОСКАРИТЕ ГОДИНАВА ПОВТОРНО ЌЕ ИМААТ ВОДИТЕЛ: А, ова се најдобрите шоумени и шоужени до сега!

За актер, ниедна чест не е поголема од Оскар. Единственото нешто што може да го надмине е домаќинот на Оскарите – нешто што само неколкумина го постигнале.

Иако имало 93 церемонии за Оскари, имало само неколку десетици водители бидејќи многумина биле домаќини повеќе пати. А во некои години, 2019, 2020 вклучително и 2021 година, Оскарите продолжија без водител.

Годинава тоа се менува, по три години, Оскарите ќе имаат водител, соопшти „ABC“. Оваа одлука доаѓа oткако рејтинзите на телевизиската програма се намалија во последниве неколку години, паѓајќи на рекордно ниско ниво од 10,4 милиони луѓе во САД во 2021 година, во споредба со 23,6 милиони во 2020.

Ова се нашите омилени водители во историјата на Оскарите:

Били Кристал

Били Кристал беше водител на Оскарите вкупно девет пати, помеѓу 1990 и 2012 година. Неговите скечови и шеги со Холивудските ѕвезди ќе останат запаметени уште долго време.

Хју Џекман

Џекман ти направи Оскарите вистински мјузикал. Си ја заслужи титулата „Големиот шоумен“.

Вупи Голдберг

„Клучот за да се биде водител на Оскарите е што всушност треба да ги сакаш филмовите… Не можеш да се правиш премногу кул и не можеш да се обидуваш да го направиш тоа твое шоу“, рече во една прилика Голдберг, која бише водителка четири пати.

Френк Синатра

Синатра беше водител во 1963 година и за малку ќе задоцнел на настанот бидејќи се расправал за паркинг.

Елен Деџенерис

Елен ги направи Оскарите во сопствен бренд на комедија. Од нејзиниот ангажман произлезе познатото холивудско селфи.

 

Слични објави

„Маки беа тоа…“: Соседите открија со кого живее Гаги Ѓогани и како му минуваат деновите

Еспресо

Реља Поповиќ првпат отворено за татковството: „Со Николија потекнуваме од дисфункционални семејства, не смеам да потфрлам како татко“

Еспресо

Аѓелка Прпиќ објави неочекувано видео од летувањето, многу жени веднаш се препознаа

Е.А.

Се огласија организаторите на концертот на Дино Мерлин во Сараево: Еве зошто настанал хаос

Еспресо

(Видео) Каспер сподели приватни снимки со Мина Костиќ, еве како ги поминуваат заедничките моменти по тешкиот период

Еспресо

Тој тврдеше дека ја фатил во неверство, таа велеше дека се оддал на пороци — приказната за разводот на Гоца Тржан и Иван Маринковиќ

Еспресо
Се вчитува....