17:51 - 7 ноември, 2026

(Видео) Орце Гелевски се отвори по врската со Ирена Спасовска: Не би сакал никому да му се случи

Новинарот и водител Орце Гелевски кој долги години беше во врска со пејачката Ирена Спасовска се отвори за овој период од својот живот.

Водителката на емисијата „Кафе муабети“ го праша Гелевски: „Имавте еден турбулентен период, но го надминавте. Сега велите дека сте најсреќен со семејството. Што го прави Орце среќен во приватниот живот?“ На ова новинарот кој ја води емисијата „Фолк џубокс“ одговори:

„Да ви кажам, некако веќе не сакам воопшто ни да зборувам, ни да се навраќам на тој период. Тоа беше навистина нешто што не би сакал никому да му се случи. Но, за среќа, повторно сум во кругот на семејството, на своите најблиски и еве, една порака, да кажам дека нема ништо поубаво и посвето отколку кругот на семејството, своите најблиски, своите деца, своите внуци.
​Така да, можеби ова е мојот најубав период од животот, затоа што постојано сум со моите внуци коишто се навистина прекрасни. Имам четири внуци од двата сина. И секој ден ми е исполнет со нив, со нивната детска игра, со нивната убавина… и ќе кажам, нема ништо поубаво од тоа“, рече новинарот за „Гламур ТВ“.

Ирена Спасовска и Орце Гелевски (Фото/Фејсбук)

Потоа додаде дека е вистинита онаа изрека дека внуците може да се сакаат повеќе од децата.

„Јас можам тоа да го потврдам. Во оној период кога ние имавме деца, како да немавме време доволно да се посветиме на своите деца, затоа што сепак, млади, имавме амбиции нели и на работа, имавме другари од кои не сакавме да се откажеме. Еве и јас, тој период како што спомнав, бев голем љубител на фудбалот, играв и активно фудбал.  Немаше доволно време да се посветиме на своите деца. И сега кога на своите внуци можам целосно да им се посветам“, рече Гелевски во ова видео. 

Фолк-пејачката Ирена Спасовска се раздели од новинарот Орце Гелевски по 13-годишна врска, објавија медиумите во 2018 година.

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....