22:28 - 9 ноември, 2026

(Видео) Ново скандалозно видео ја враќа Шакира во центар на вниманието: Еве како мајката на Пике се изживува на родителите на пејачката

Родителите на Шакира се многу блиски со пејачката, а кога се чинеше дека проблемите меѓу Шакира и Жерар Пике малку од малку стивнаа, неодамна „протече“ ново видео на кое се гледа како мајката на поранешниот фудбалер дрско и безобразно се однесува кон родителите на Шакира.

@loischum

#shakira #nidiaripoll #williammebarak #joanpiqué🐭 #monserrat🧙‍♀️ #piquenarcisistaxenofobo #fyp #fypシ #foryourpage❣️💙

♬ Shakira: Bzrp Music Sessions, Vol. 53 – Bizarrap & Shakira

Шакира започна нов живот во Мајами, Флорида, со своите деца после познатата и драматична разделба од Пике. Но сега таа повторно е тема на разговор, овој пат поради бабата на нејзините деца, односно мајката на Пике.

На новото видео, Шакира може да се види покрај родителите на Пике, но тука се и нејзините родители. Окулу нив се насобрани бројни фотографии, додека проширеното семејство позира. Но…Не позираат баш сите. Мајката на Пике го привлекува центарот на вниманието, отстранувајќи ги од кадарот родителите на Шакира, кои буквално се „шутнати“ на страна, како да не се дел од семејството.

Г-ѓа Бернабе изгледа малку вознемирена како да се обидува да каже некому да ги фотографира – се разбира неа и ѕвездениот пар. А кога таа почна да ги користи своите раце во објаснувањето со фотографите ги покри сосема лицата на родителите на Шакира.

Вилијам Мебарак и Нидија Рипол пак, „шутнати“ настрана, молчеа и останаа на истото место без да создадат дополнителна драма, а Монсерат Бернабеу во ниту еден момент не се извини и поради тоа беше жестоко критикувана на социјалните мрежи.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....