08:03 - 8 ноември, 2026

(Видео) Неверојатниот талент на Џони Деп во филмот за Луј XV ги маѓепса фановите

Излезе официјалниот трејлер за историскиот филм „Jeanne du Barry“ во кој Џони Деп го игра контроверзниот француски крал Луј XV. Филмот е снимен во Франција, поточно во Версајската палата и околината на Париз.

Го режираше францускиот режисер Мајвен Ле Беско. Ова беше првиот филм на Деп откако го доби судскиот спор против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, а фановите веќе напишаа на социјалните мрежи дека „едвај чекаат да го видат славниот актер во оваа улога“.

По објавувањето на трејлерот, фановите се воодушевени од неговата улога и филмот.

„Ова е големо враќање на Деп и воедно голем момент за неговата кариера“, „Ликот на Деп во овој филм е само доказ за неговите посебни актерски способности. Лик кој е и моќен и ранлив, со маани и доблести…Ова е добар потсетник за неверојатниот талент на Џони Деп“, „Визуелно зачудувачка историска драма со одлична музика“, се дел од коментарите на луѓето на социјалните мрежи.

Филмот „Jeanne du Barry“ ќе го отвори Канскиот филмски фестивал во мај.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....