04:17 - 8 ноември, 2026

(Видео) Не знам од кај ја извади силата: Принц раскажа непозната приказна за Каролина

Досега непозната приказна за Каролина Гочева, раскажа Александар Ристовски-Принц, познатиот музичар и режисер на спотови.

Тој во подкастот „Урок“ на Сергеј Варошлија се сети на песната „Милениум со тебе“ на Каролина Гочева која ја напишал тој. Рече дека е снимена на крајот од 1999 година, со посвета на новиот милениум, кој почна во 2000 година.

-Каролина дојде во студио мртва болна, не можеше уста да отвори. Јас не знам од кај ја извади таа енергија. Значи, тој рефрен колку е висок таму, посебно последните рефрени, секоја чест- рече Принц.

Фото / Инстаграм

Потоа, Варошлија ја потсети публиката дека тој е автор на хитот на Ребека, „Обиди се“ и на многу песни на „Нокаут“, како „Временска машина“ и многу други хитови. Потоа, Принц потсети дека неговиот прв успешен хит го испеал Брејк, а таа песна била планирана за Маја Гроздановска-Панчева.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....