7.8 C
Скопје
07:31 - 28 март, 2026

(Видео) Најемотивниот момент на крунисувањето: Принц Вилијам ја прекрши традицијата со емотивен гест, Хари гледаше од третиот ред

Принцот Вилијам во еден момент го украде вниманието на вчерашната церемонија на крунисување со емотивен гест.

Вилијам, принцот од Велс, најстариот син и наследник на кралот Чарлс, ја прекрши традицијата оддавајќи почит на својот татко за време на свечената заклетва, а и самиот крал не можеше да сокрие колку е трогнат од тоа.

Имено, Вилијам е единствениот принц кој му се заколна на верност на кралот за време на крунисувањето. На претходните крунисувања, војводите му се заколнувале на кралот, што во овој случај би значело дека војводата од Сасекс (принцот Хари), војводата од Јорк (принцот Ендру) и војводата од Единбург (принцот Едвард) требало да положат заклетва, но британските медиуми пишуваат дека Чарлс одлучил овој пат тоа да биде само Вилијам.

Принцот му пријде на татка си, клекна пред него и рече:

„Јас, Вилијам, принцот од Велс, се заколнувам на верност, вера и вистина што ќе ја носам како твој вазал за животот и телото. Така Бог ми помага“.

Потоа стана, ја допре круната и го бакна татка си во образ. На лицето на Чарлс се видоа силни емоции додека на синот му одговори со „Амин“.

За тоа време, неговиот друг син, принцот Хари, седеше на своето место во третиот ред. Телевизискиот пренос покажа како Хари внимателно гледа додека надбискупот ја става круната на главата на неговиот татко, а за време на оддавањето почест се виде како ги повторува ритуалните зборови:

„Нека бог го чува кралот Чарлс. Нека кралот Чарлс живее долго. Нека кралот живее засекогаш“.

Потсетуваме, Хари на крунисувањето на кралот Чарлс пристигна сам, додека неговата сопруга Меган Маркл остана во САД.

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....