9.8 C
Скопје
15:12 - 31 март, 2026

(Видео) Меган Маркл танцува реге, Хари во Лондон пристигна сам: Еве ги деталите

Поранешниот колега на Меган Маркл, актерот Патрик Џеј Адамс, со кој работеше во серијата Suits, објави нејзино видео од неговата лична архива.

Во видеото, кое било снимено во 2012 година, Меган Маркл е „уловена“ со нејзините колеги и екипата на серијата, вклучувајќи го и Рик Хофман, кој го играше Луис Лит, како и сопругата на Патрик, Тројан Белисарио. Војвотката од Сасекс танцуваше на реге музика.

„Оваа девојка се омажи за принц“, напиша Патрик Џеј Адамс во описот на видеото.

И додека видеото во кое Меган танцува молскавично го обиколи светот, принцот Хари пристигна во Велика Британија сам.

Според АП, принцот Хари присуствувал на церемонијата на наградите WellChild, која се одржа во Велика Британија. Националната добротворна организација ги поддржува тешко болните деца и нивните семејства и исто така доделува годишни награди. Забележано е дека неговата сопруга Меган Маркл не била со него. Таа останала со децата во САД.

Настанот се случи во Лондон на 7 септември, ден пред годишнината од смртта на кралицата Елизабета Втора.

 

Слични објави

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin
Се вчитува....