9.8 C
Скопје
16:04 - 19 февруари, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ПОЧИНА БЕТИ ДЕЈВИС: Која беше кумата на фанк музиката и зошто е толку важна?

Бети Дејвис, кумата на фанк музиката и поранешна сопруга на џез легендата Мајлс Дејвис, почина во средата од природна смрт на 77-годишна возраст, пишува „Rolling Stone“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Danielle Maggio (@saucequeen_phd)

„Со голема тага ја споделувам веста за смртта на Бети Дејвис, мултиталентирана инфлуенсерка и пионерска рок ѕвезда, пејачка, текстописец и модна икона“, изјави долгогодишната пријателка на Бети, Кони Портис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenee Darden (@jenee.darden)

Речиси целиот музички опус на Дејвис е снимен помеѓу 1964 и 1975 година, но нејзиното влијание се чувствува со децении. По професија модел, Бети Дејвис најпрво почнала да прави музика под роденото име Бети Мaбри.

Како влијателна фигура на њујоршката музичка сцена во доцните 60-ти, таа ја напишала песната „Uptown (to Harlem)“ на Chambers Brothers.

Во 1968 година, Бети станала втора сопруга на Мајлс Дејвис и следната година ќе се појави на омотот од албумот на легендарниот музичар, „Filles de Kilimanjaro“. Иако бракот траел само една година, Бети е заслужна за проширување на музичките хоризонти на Мајлс во рок музиката од ерата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chelsea-Anne Gell (@chelsea_gell)

Бети Дејвис го издала својот деби албум „Betty Davis“ во 1973 година, брзо следеле уште два албума: „They Say I’m Different“ од 1974 година и „Nasty Gal“ од 1975 година.

Иако ниту еден од фанк-албумите не доживеал комерцијален успех, Дејвис се здобила со андерграунд следбеници за нејзините текстови преполни со сексуалност, истакнати во песните како „Shut Off the Light“ и „If I’m in Luck, I Might Get Picked Up“.

Нејзините искрени, ослободителни ставови го отворија патот за уметници како Принс и Мадона во следната деценија.

По тој тригодишен наплив на материјал – и по една година помината во Јапонија со монаси во завек на молк Дејвис нагло ја напуштила музичката индустрија. Се преселила се во областа Питсбург каде што живеела следните 40 години без да прави нова музика.

(ВИДЕО) МАГАЗИНОТ „РОЛИНГ СТОУНС“ ЈА ОБЈАВИ СВОЈАТА ЛИСТА НА 500 НАЈДОБРИ ПЕСНИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА: Која е „новата“ најдобра песна?

Слични објави

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо
Се вчитува....