9.8 C
Скопје
00:26 - 18 март, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) КЕЈТ МИДЛТОН КАКО БОЖИЦА: Дел од кралското семејство заблеска на премиерата на 007

кејт мидлтон принц вилијам

Принцот од Велс, Војвотката од Корнвол и Војводата и Војвотката од Кембриџ се појавија заедно на премиерата на најновиот Џејмс Бонд филм „No Time To Die“ во „Royal Albert Hall“ во Лондон.

Во фантастично гламурозно издание, Кејт Мидлтон заблеска на црвениот килим во шампањ златен коктел фустан од британската дизајнерка Џени Пакам навезен со прозрачни и златни украсни детали, спарени со тркалезни златни обеки од „О’nitaa“ и беж потпетици од „Aquaruzza“.

„Изгледате навистина прекрасно“, ѝ рекол Даниел Крег, импресиониран од нејзиниот изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fiona Fairhurst (@fiona_fairhurst)

Камила носеше небесно син коктел фустан дизајн на Брус Олдфилд украсен со сребрени детали, кои ги спари со обетки од „Van Cleef & Arpels“. Посебен детал беше дијамантскиот брош на Принцезата Мари Луиз кој го носеше за прв пат.

Принцот Вилијам и Принцот Чарлс ја збогатија Бонд атмосферата облечени во црни смокинзи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal List (@the_royallist)

Ова беше ретко заедничко појавување на двете генерации наследници и кралски двојки на официјален настан, каде беа пречекани од Сер Кенет Олиса и се сретнаа со 007 ѕвездата Даниел Крег и продуцентите на филмот Мајкл Г Вилсон и Барбара Броколи.

Наследникот на тронот на британското кралство, Принцот Чарлс е патрон на Британскиот Институт за Филм, а неговиот син Вилијам е претседател на Британската Академија за Филм и Телевизиски Уметности (БАФТА).

Слични објави

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....