02:53 - 28 ноември, 2026

(Видео) Фонтаната кај Шпанските скали во Италија обоена во црно – „навестување за крајот на светот“

Тројца активисти од организацијата Last Generation истуриле течен јаглерод врз основа на растителни екстракти во познатата фонтана, барокно ремек дело од 17 век, сместено во подножјето на Шпанските скали (Scalinata della Trinità dei Monti), пред да бидат избркани од полицијата.

Фонтаната во облик на брод ја дизајнираше познатиот италијански скулптор Пјетро Бернини.

Во соопштението за медиумите на организацијата Last Generation се наведува дека промената на бојата на водата во фонтаната во црна е „навестување за крајот на светот, сценарио кон кое се движиме додека притискаме посилно и потешко на педалата за гас: навестување на суши наизменично со разорни поплави, кои ќе стават крај на животот на Земјата“.

Минатата година, пред општите избори, организацијата почна да одржува мирни, но непријатни протести низ Италија, при што нејзините членови ги повикаа политичарите од сите партии да ги стават климатските промени меѓу нивните приоритети.

Протестите во Италија се дел од низата акции кои организацијата ги одржува низ Европа, а целта им е да привлечат внимание на климатските промени.

Во претходните акции, активистите истураа супа, пире од компири или боја што може да се пере врз бројни уметнички дела во музеите ширум светот.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....