17:38 - 31 март, 2026

(Видео) Експлодираше „најмоќната ракета“ само 4 минути по лансирањето, Маск најави уште еден обид

Најмоќната ракета некогаш направена од човек беше лансирана во вселената, но експлодираше веднаш по лансирањето во Тексас.

Ракетата, попозната како Starship е изработена од компанијата SpaceX на американскиот претприемач Илон Маск.

Лансирањето на ракетата без екипаж првично требаше да биде во понеделник, но беше откажано во последен момент поради технички проблеми.

Набљудувачите, вклучително и Џонатан Амос од Би-Би-Си, изброиле најмалку шест од 33-те мотори кои не работеле.

Маск му честиташе на тимот на, како што напиша на Твитер, „возбудливото тест лансирање“ и најави нов обид за неколку месеци.

Маск предвидува дека луѓето и сателитите ќе летаат во орбитата повеќе пати на ден на ист начин како што млазен авион може да лета преку Атлантикот.

Тој верува дека тоа би можело да воведе нова ера на меѓупланетарни патувања.

Ракетата, висока речиси 120 метри, е дизајнирана да има речиси двојно поголема сила од која било ракета досега.

Целта е да се испрати горната етапа на возилото на исток, за да се заврши речиси еден круг околу Земјата.

Слични објави

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо
Се вчитува....