10.8 C
Скопје
17:52 - 30 март, 2026

(Видео) Џорџина Родригез (пак) покажа колку е згодна, во танга и на високи штикли: Но, на што се должи нејзиниот изглед?

Џорџина Родригез е вистинска убавица позната на сите по тоа што е девојка на Кристијано Роналдо. Има фигура која го одзема здивот, а новото видео кое го постираше на Инстаграм (пак) ја покажува нејзината топ форма на која се врати не долго по објавувањето на веста дека едно од нејзите новороднеи близначиња почина.

Облечена во бела кошула и констратна црна танга таа чекори на високи потпетици и ги „почести“ своите следбеници со својот изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Но на што се должи нејзиниот изглед?

Неодамна убавицата откри дека се должи на внимателно селектираната исхрана што ја следи, но и на физичката активност што ја практикува.

Диета

За да остане совршено фит, Џорџина Родригез посветува големо внимание на исхраната. Всушност, девојката следи диета базирана на четири лесни оброци во текот на денот на кои јасно додава голема доза на тренинг.

Во различни интервјуа, Родригез објасни дека многу ја сака храната, но сепак посветува големо внимание на она што го консумира бидејќи претпочита само нискокалорична храна. Слатки речиси и не јаде, како и мрсна храна, а избегнува секаков вид на проси јагленохидрати.

Клучот е во медитеранската исхрана 

Џорџина Родригез сака да јаде зеленчук и месо, поради што следи медитеранска диета која и дозволува да ја консумира омилената храна и сепак да остане во форма.

Ова е секако еден од најценетите режими и начини на живот во светот и кој овозможува не само да се задржи фигурата, туку и да се спречат бројни болести и патологии во исто време.

Вежбање

За вакво тело,  очигледно е неопходно да се практикува и многу физичка активност. Статуална фигура како онаа на девојката на Кристијано Роналдо е всушност невозможно да се одржи само со грижа за исхраната.

Всушност, Родригез практикува пилатес реформатор, варијанта на класична гимнастика, во која машините се користат за подобрување на држењето и тонизирање на мускулите.

Покрај ова, младата жена сака и да танцува. Таа практикува два пати во денот да прави и серија чучњеви кои и овозможуваат да има навистина завиден задник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....