12:38 - 7 ноември, 2026

(Видео) Данијела Мартиновиќ непрепознатлива во Македонија, никој не верува во ова

Видео од Данијела Мартиновиќ во невидено и необично издание е објавено неодамна, а хрватска пејачка никој не може да ја познае.

Имено, таа во далечната 1989 година настапила на фестивалот „Макфест“ кој ја објави снимката од Данијела како пее на македонски јазик и изгледа многу различно од денес. „Даниела Мартиновиќ – ‘Морам да те најдам’ (Макфест 1989)“, пишува во објавата до видеото.

Фото / Фејсбук

Изминатово лето, Данијела Мартиновиќ уште еднаш покажа колку ужива во едноставните работи. Наместо луксузен одмор, таа одлучи да преноќи под шатор на плажа.

– Повторно во хотел со илјада ѕвездички – напиша пејачката на Инстаграм покрај фотографиите од одморот. Претходно, таа кажа колку ги сака ваквите моменти, а во друштво на нејзиниот партнер, поранешниот крим-инспектор Јосип Плавиќ, тие стануваат уште попосебни.

Данијела и Јосип се во врска повеќе од две години. Се запознале во пролетта 2022 година во полициска станица, каде што пејачката дошла да поднесе пријава поради лажни страници што го користеле нејзиното име. Тој тогаш работел како криминалистички инспектор, а нивната средба набрзо прераснала во љубов, објави „Слободен печат“.

Фото: Инстаграм

 

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....