13.8 C
Скопје
22:29 - 11 октомври, 2026

Весна Ѓогани со синот доживеала сообраќајна незгода: „Ударот беше силен, имавме мали повреди“

Пејачката Весна Ѓогани доживеала сообраќајна незгода додека се враќала со својот син Адријан од спортски натпревар. Во моментот на несреќата, нејзиниот партнер Ѓоле бил на роденден на нивната ќерка Силвија, која ја добил во претходниот брак со Слаѓа Делибашиќ.

Како што изјавила Весна, ударот бил прилично силен, но за среќа и таа и нејзиниот син сега се чувствуваат добро.

„Ѓоле беше на роденденот на Силвија, а јас и синот бевме на натпревар. Имавме една интересна епизода, бевме на пат, ни се случија разни работи. Нè удри автомобил, но сите сме живи и здрави, и тие луѓе се добро“, изјавила Весна за медиумите.

Таа додала дека целата ситуација ја погодила емоционално и дека планира да побара стручна помош.

„Сè ме погодува, но ќе одам кај терапевт, па ќе биде подобро. Кога си со други луѓе во автомобил, полесно е да се поднесе, но кога си со сопственото дете, навистина не ми беше добро. Имавме мали повреди, ударот беше навистина силен. Ние сме постојано во тренинг, па затоа добро поминавме“, рекла таа.

Весна открила и дека не го известила веднаш својот партнер за несреќата.

„Не му кажав веднаш. Го видов како танцува таму и си поминува убаво, а од таа позиција не можеше ништо да направи, да дојде по нас“, објаснила таа.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ предизвика реакции во Србија поради песна од Томпсон, дел од јавноста бара бојкот на концертите

К.С.

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

Нова диплома за Марија Панчева: Ќерката на Маја и Дарко го заврши и вториот факултет

Еспресо

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ ги стопи срцата на сите со видео од дома: Неговиот син го снима и се смее на глас

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо
Се вчитува....