31.8 C
Скопје
19:33 - 1 септември, 2026

Бугарскиот модел Светлана Василева е очајна, не може да најде маж со пари

Светлана Василева, која во јавноста е добро позната како поранешна сопруга на милионерот Христијан Гуштеров, но и како поранешна „плејбој“ манекенка и учесничка во реални шоуа, денес се соочува со нов животен предизвик. Таа напорно бара, но не може да најде богат и сериозен маж кој ќе се грижи за неа и нејзините четири деца, пишува „Хот Арена“.

Русокосата не престанува да ги посетува баровите во главниот град, каде што се дружи цел ден пиејќи свежи сокови и кафе, но засега нема спонзори.

„Таа веќе не е во првата младост, има 20-годишни девојки кои ги претпочитаат богатите мажи. Освен тоа, има четири деца, не едно или две, тие се сериозен трошок и малкумина мажи би се нафатиле да се грижат за толку многу туѓи усти. Таа е подготвена да роди уште едно или две деца ако најде стабилен маж, но засега нема такво нешто“, коментираат блиските пријаели.

Таа е слободна од крајот на минатата година, кога бизнисменот Александар Зиковски ја остави по налог на неговата мајка, која збеснала кога открила со кого спие нејзиниот син. Доминантниот родител му се заканил на милионерот дека ќе го лиши од неговите пари ако продолжи да се среќава со мајката на четирите деца. Зиковски брзо ја завршил врската со слабата русокоса и си земал сè што ѝ дал, вклучувајќи го и најновиот модел на телефон.

Светлана многу страдала за милионерот, кој е млад, згоден и богат. „Таа само мислеше дека нашла некоја будала и дека ќе се пресели во неговата куќа, а тој ја остави“, велат оние околу русокосата, која сама ги храни своите деца, чии месечни трошоци не се под 5.000 евра.

Слични објави

(Фото) Нови ранци, насмевки и возбуда: И дел од македонските јавни личности ги испратија своите најмили на училиште

Еспресо

Во мозокот ѝ бил вграден стент, а сопругот ја изневерил! Српската водителка дознала за аферата во најтешкиот период од животот

Еспресо

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.

(Фото+видео) Концертот на Северина во Карловац доживеа пех, а еве како се снашле

Еспресо

(Фото) Теодора Џехверовиќ ужива на Истра – го покажа своето извајано тело во бикини, па седна на кормило

Еспресо

(Фото) Сара Јо и Алексеј Бјелогрлиќ уживаат во љубовта – пејачката сподели интимни моменти од одморот

Еспресо
Се вчитува....