18:58 - 4 ноември, 2026

Вака Харис Џиновиќ зборуваше за љубовта: „Немаш поим какви беа моите страдања“

Познатиот брачен пар Харис Џиновиќ и Мелина Џиновиќ се разведуваат по 22 години заеднички живот, односно по 10 години брак.

Во емисијата „Балканском улицом“, Харис своевремено зборуваше за љубовта.

„Имаше љубов. Сите тие љубови беа трагични. Секоја љубов беше трагична, секоја. Што знам, но тие што ги сакав не ме сакаа. Што да се прави, а јас пукнав по нив. Патев како коњ, па ти немаш поим какви беа моите страдања, ма Исусови маки, што ти е. Покрај мене поминуваат девојки кои сакаат да бидат со мене, но јас ништо не гледам. Јас ги имам како коњ оние штитници врз очите кога ќе му ги ставиш, да оди право, да не гледа лево-десно. Но, кој ме сака, не ме сака, што знам, но никогаш таа љубов не била доречена – рече Харис.

Мелина и Харис се решија за спогодбен развод, бидејќи нивната врска веќе некое време не оди добро – рече извор за српските медиуми и додаде:

-Тие ја донесоа најдобрата можна одлука за нив и нивните деца во моментов. Харис веќе се иселил од нивната вила во Сењак, а Мелина останала таму со децата. Процесот на развод е во тек, а подоцна ќе се утврди како ќе се распредели имотот меѓу нив – открил за Пинк.рс добро упатен извор близок до семејството Џиновиќ.

Харис пак, откако бил контактран од новинарите кратко рече:

„Навистина немам коментар. Нема билошто да потврдувам. Не можам да се занимавам со тоа“.

Модната креаторка зборуваше, исто така, кратко за медиумите.

„Разберете ме, не би зборувала на таа тема. Ви благодарам на јавувањето, пријатно“– изјавила кратко Мелина Џиновиќ за Пинк.рс.

За едни дожд од пари, за други „тенко“: Кои хороскопски знаци ќе имаат полн паричник на почеток на февруари

Слични објави

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо
Се вчитува....