23:43 - 2 ноември, 2026

Уште една славна личност вмешана во смртта на Метју Пери: Заедно набавувале дрога 

Уште една славна личност е поврзана со истрагата за смртта на Метју Пери поврзана со дрога, а новиот извештај зборува за нивната заедничка зависност.

Сè уште неименуваната жена, наводно, тврдела дека повеќе не е корисник на дрога, туку дека е „подвижна аптека“, според изворот. Се појавија фотографии на кои се гледа жена со Метју Пери во ординација каде што му препишува кетамин.

Двајцата меѓусебно се упатувале кај нивните лекари за да добијат лекови и честопати си се доверувале еден на друг за нивните битки со зависноста, тврди изворот.

Анонимната славна личност е втората личност поврзана со смртта на Пери откако беше именувана поранешната сопруга на Чарли Шин, глумицата Брук Милер, за соработка и набавка на лекови и дрога за глумецот.

Да потсетиме, актерот на 28 октомври 2023 година беше пронајден мртов во хидромасажна када во неговиот дом во Лос Анџелес.

Починал од акутни ефекти на кетамин и давење, покажала неговата обдукција. Актерот имал слични количества кетамин во телото како болнички пациент под општа анестезија.

Актерот и претходно во неколку наврати отворено зборуваше за примање терапија, т.е. инфузија на кетамин како третман против депресија.

Слични објави

Болна исповед на Дарко Лазиќ по смртта на брат му Драган: „Половина од мојот живот си однесе со себе“

Еспресо

Коста ќе добие вистинско богатство за 18. роденден: Дара Бубамара ја подготвува прославата, дала огромни пари за подарокот

Еспресо

Неда Украден се прости од Мишо Ковач со потресни зборови: Ова засекогаш ќе го памети

Еспресо

Хрватска го оплакува Мишо Ковач, знамињата на половина копје

Еспресо

Војаж стана татко, доби дете со мистериозната свршеница

Еспресо

(Видео) Дани Ѓуровска и сопругот Денис ја воодушевија публиката со романтичен танц на концертот на Сергеј Четковиќ

К.С.
Се вчитува....