09:56 - 7 април, 2026

Уапсен е актерот ДРАГАН БЈЕЛОГРЛИЌ!

Актерот Драган Бјелогрлиќ е приведен под сомнение дека утрово околу 4 часот во нишкиот хотел „Амбасадор“ го нападнал директорот Предраг Гага Антонијевиќ и го удрил неколку пати во главата, како што пренесува српски „Блиц“.

– Бјелогрлиќ се затрча и го удри Антонијевиќ во главата – тврди изворот на „Блиц“.

Антонијевиќ има видливи повреди на лицето.

Според „Блиц“, Бјелогрлиќ е во нишката полиција, каде чека да даде изјава.

Фото: Инстаграм

 

Антонијевиќ е автор на филмот „Дара из Јасеновац“, а пред извесно време го обвини Бјелогрлиќ дека му понудил поткуп на почетокот на 2016 година за да го поддржи филмот „Есента на самураите“.

Фото: Инстаграм

Антонијевиќ објави преписка со Бјелогрлиќ од 2016 година, во која се вели дека „може да заработи 100 сома“, а од е-поштата се гледа и дека Антонијевиќ категорично одбива да го стори тоа. Бјелогрлиќ тогаш негираше и тврдеше дека преписката е фалсификувана.

Последните информации се дека агресивниот актер, сè уште се наоѓа во нишката полициска станица, каде дава изјава.

Видеото од нападот, каде без никава причина Драган крвнички се нафрла на режисерот, може да го погледнете овде.

Слични објави

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....