06:03 - 28 ноември, 2026

Туристка од Ниш е ранета во експлозијата во Истанбул, надвор е од животна опасност

Српска државјанка е ранета во денешниот терористички напад во Истанбул, потврди министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Во денешната експлозија во Истанбул е ранета наша државјанка. Станува збор за туристката Драгана Ристиќ од Ниш. Таа е надвор од животна опасност и е во болница, каде вечерва ќе биде оперирана, бидејќи ја погодиле шрапнели во рамото, изјави министерот Дачиќ за српски „Курир“.

Засега, пак, како што наведува Дачиќ, нема официјална информација од Истанбул.

– Ова е информација од нашите туристи кои беа на лице место и стапија во контакт со нашиот генерален конзулат, кој ќе им пружи помош на сите наши граѓани. Генералниот конзул Ивана Пејовиќ е во постојан контакт со ранетата Ристиќ. Ќе ја информираме јавноста за сите нови детали и развојот на ситуацијата, изјави Дачиќ.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....