-4.2 C
Скопје
07:48 - 22 декември, 2024

Трамп против порно-актерката: Прв дел од судењето

Instagram

Вчера пред Окружниот суд на Менхетен во Њујорк започна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и тоа е прво судење на американски претседател во историјата.

Трамп, кој се појави на суд, е обвинет за фалсификување деловни документи кога ѝ платил на порно-актерката Сторми Даниелс преку неговиот адвокат 130 000 долари за да ја спречи јавно да зборува за нивната наводна афера, која се случила додека тој веќе бил во брак со Меланија Трамп. Тоа не е единствената афера која претеше дека ќе наштети на неговиот брак со Меланија, кој трае од 2005 година.

Доналд Трамп ги негираше сите обвинувања, велејќи дека тие се политички мотивирани.

Обвинителството тврди дека Трамп со фалсификување документи сакал да го спречи и влијанието на тие документи врз изборната кампања во 2016 година.

Според обвинителството, Трамп ѝ платил 130 000 долари на Сторми Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, преку неговиот тогашен адвокат Мајкл Коен. Тие пари биле запишани во деловните книги како адвокатски трошоци.

Сторми Даниелс, инстаграм

Правните застапници на Трамп рекоа дека тој ги платил парите на Даниелс за да се поштеди себеси, компанијата и неговото семејство од јавниот срам и дека тоа нема никаква врска со претседателската кампања.

На Трамп вчера на суд малку му олесни, бидејќи судијата не дозволи да се спомне дека Меланија Трамп била бремена за време на неговата наводна афера со зајачицата на „Плејбој“, Карен Мекдугал.

Таа контроверзна наводна врска меѓу Трамп и Строми Даниелс започна една година по венчавката на познатата двојка, додека поранешната словенечка манекенка била бремена. Поранешната портпаролка на Белата куќа, Стефани Греам, на авторката на книгата „Американска жена: Трансформација на модерната прва дама, од Хилари Клинтон до Џил Бајден“ Кејти Роџерс ѝ кажала како Меланија реагирала на наводното неверство на нејзиниот сопруг.

Според неа, Меланија намерно одбила да го придружува Доналд Трамп на официјално патување во странство во екот на тој скандал, кој избувнал многу години подоцна, откако Доналд Трамп стана претседател на САД.

„Мислам дека беше лута на Трамп и сакаше тој да биде малку понижен поради тоа што нема да биде со него на патувањето“, рече Стефани Греам.

Во книгата се наведува дека Меланија Трамп ги криела своите вистински чувства додека драмата се одвивала.

„Првата дама сакаше да му го пренесе својот гнев на претседателот“, додаде Греам. Претставникот за печат на Меланија Трамп не сакаше да ги коментира наводите за „Пејџ сикс“.

Меланија Трамп не беше долго време во јавноста во текот на претходната година, но изворите тврдат дека таа е со својот сопруг и ќе го поддржи за време на неговата претседателска кампања за изборите во 2024 година, како и дека е подготвена да ја преземе позицијата на првата дама повторно со цел „да остави трага во историјата“. Таа неодамна се појави со него на Флорида, а последното појавување повторно ги разгоре гласините дека има проблеми во нивниот брак, бидејќи некои сметаат дека таа не сакала да го држи за рака.

Кога во 2018 година се пишуваше за аферата помеѓу Доналд Трамп и порно-актерката Сторми Даниелс, кошмарот на поранешниот американски претседател се оствари, неговата сопруга Меланија Трамп дозна сè.

Гневна Меланија Трамп помина неколку ноќи во луксузен хотел во Вашингтон за да биде подалеку од Белата куќа, кога се појави веста дека тогашниот американски претседател ѝ платил на Сторми Даниелс да молчи за нивната „една ноќ“.

Токму од ова се плашеше Доналд Трамп кога наводно 15 месеци претходно на Сторми ѝ платил 130 000 долари, изјави извор близок до поранешниот претседател.

„Трамп беше вон себе од страв дека Меланија ќе ги дознае деталите за неговата интимност со порно-ѕвездата. Знаеше какви може да бидат последиците и ќе направеше се што може за да го прикрие тоа“, додал извор за Дејли мејл.

Кога „Волстрит џурнал“ пишуваше за случајот Даниелс во 2018 година, Меланија Трамп немаше дилема, таа сакаше да се отсели од Белата куќа.

Интервјуто со Сторми Даниелс е направено во 2011 година, а магазинот тој разговор го чувал седум години. Таа раскажа сè за средбата со Трамп која се случила во 2006 година во хотелска соба во казино во Невада по добротворниот голф-турнир на познати личности. Даниелс истакна дека може да ги опише интимните делови на Трамп.

“Сексот не беше ништо посебно. Не сакаше да ме врзува за кревет или слично. Тоа беше една поза”, рекла Сторми и додала дека тоа биле најлошите 90 секунди во нејзиниот живот. Но, спомна дека Трамп бил воодушевен од неа и дека ѝ рекол: „Кога ќе се видиме повторно?“.

Друга афера спомната на суд е наводното неверство со зајачицата на Плејбој, Карен Мекдугал. Судијата му дозволи на обвинителството да презентира докази за кампањата на Трамп во 2016 година во координација со списанието Нешнал енквајер, но не дозволи да се изнесат непристојните детали за наводната врска, пишува Дејли мејл.

Карен Мегдугал, Инстаграм

Мекдугал тврди дека имала 10-месечна афера и дека била вљубена во Трамп помеѓу 2006 и 2007 година. Ѝ платиле 150 000 долари за да ја раскаже својата приказна за „Нешнал енквајер“, но интервјуто никогаш не било објавено.

(Фото) Се соблече славната Касандра, фановите побудалеа: „Браво, ваква жена сакам!“

 

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....