-1.2 C
Скопје
07:19 - 19 јануари, 2025

ТОНЧИ ХУЉИЌ И ПЕТАР ГРАШО ЗА БРЕМЕНОСТА НА ХАНА: Отсекогаш сме си правеле лудории, мислам дека ова е последната

Внучињата се најголема радост, а Тончи Хуљиќ едвај чека да стане дедо.

Композиторот Тончи Хуљиќ и идниот зет Петар Грашо гостуваа заедно во емисијата на Татјана Јуриќ, а темата за бебето што е на пат не можеше да се прескокне. Водителката постави смешно прашање, па разговорот во студиото продолжи во тој стил.

„Тончи, ти кажа ли некој – Ќе станеш дедо?“, праша Татјана. „Ма, не ми кажувај ништо, ги гледам сликите. Постојано велам – ќе станам ли дедо? Тогаш кога дојде тој момент, малку ме фати паника. Човек сум кој секогаш планира на долги патеки. А што сега кога ќе стане „дедо“? Сега само чекам – „прадедо“, рече Тончи, а на неговиот одговор се надоврза и Петар Грашо.

ГРАШО И ХАНА ЌЕ ПРАВАТ ДВЕ СВАДБИ, ГОЛЕМА ВЕСЕЛБА СО 500 ГОСТИ: Се знае која е старосватицата и каква венчаница ќе носи ќерката на Тончи Хуљиќ

„Отсекогаш сме си правеле лудории, мислам дека ова е последната“, низ насмевка изјави Грашо, чија врска со Хана Хуљиќ неодамна беше откриена.

Тој се осврна и на веста дека ќе стане татко, па призна дека му требало време да го разбере тоа.

„Ми требаше време, како и веројатно на секој човек, да станам свесен за оваа прекрасна информација и сега живееме во слатко исчекување. Кога ќе ја затвориме вратата од нашата куќа, живееме како сите нормални семејства кои чекаат принова“, рече Петар.

Што се однесува до менувањето пелени, тој имаше подготвен одговор: „Мислам дека има и други членови од ова семејство кои треба да прогуглаат како се прави тоа“.

ПЕТАР ГРАШО ПРОЗБОРЕ ЗА СЕМЕЈНИТЕ ОДНОСИ ХУЉИЌ-ГРАШО: Рамнодушен сум на коментарите, верувам дека најдобрите години се пред мене!

Слични објави

(Фото) Северина ужива на Малдивите во фустан од 2800 евра

Еспресо

Поранешниот дечко на Цеца стана татко: „Нема поголема среќа од тоа што добив син!“

Еспресо

(Видео) За 12 дена одмор „искешира“ 20.000 евра! Милица Павловиќ сама замина на егзотична дестинација

Еспресо

Сандра инсистира: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ го поканила на ручек, а дали тој прифатил?

Еспресо

(Фото) Совршено утро во кревет на Тајланд, снаата на Брена откри дека Виктор ја третира како кралица: „Љубовта на мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 18 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата, а вие?

apostolova
Се вчитува....