00:34 - 7 ноември, 2026

СВЕТОТ ПО КОВИД: Како се променивме, што научивме од ковид-пандемијата, и какви ќе бидеме по неа! Следниот предизвик на човештвото нема да биде за идната пандемија, туку за опстанокот на човечкиот вид на Земјата!

коронавирус

Од важноста на менталното здравје, до зголемување на нееднаквостите и до демографска криза: вака се променивме и што научивме по речиси две години пандемија.

Речиси две години по почетокот на ковид – пандемијата, една статија на Светскиот економски форум ги разгледува најновите податоци и прави преглед на она што нè научи здравствената криза и како се променивме.

МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ Е ВАЖНО подеднакво како и физичкото здравје.

Пандемијата нè направи поанксиозни, депресивни, под стрес, а психолошките последици беа сериозни особено кај младите луѓе, инаку, најмалку погодени (физички) од вирусот.

(РЕЧИСИ) СE КУПУВАМЕ ОНЛАЈН

Светот помина различни фази на шопинг за време на пандемијата – од правење залихи на тоалетна хартија, квасец и конзерви, до справување со претерана инфлација (и олеснети џебови). Но, ако е вистина дека за време на криза, навиките на потрошувачите се менуваат неколку пати, постои една што остана: навиката за купување преку Интернет.

НЕЕДНАКВОСТИТЕ СЕ НАГЛАСИЈА 

Пандемијата ги влоши разликите меѓу луѓето, од секаков вид. Меѓу постарите лица, повеќе подложни на здравствени проблеми предизвикани од вирусот, и меѓу помладите, меѓу жените – кои мораа(т) да се грижат за своите деца (на штета на работата) и мажите; но и меѓу белците и црнците и, во последните месеци со вакцинацијата, меѓу богатите и сиромашните земји.

РАЃАМЕ ПОМАЛКУ ДЕЦА

Спротивно на очекуваното, пандемијата која наложи домашни изолации, не ги фаворизираше раѓањата на деца. На пример, стапката на наталитет во Кина, падна на историски најниско ниво. Со вакво темпо, растот на светската популација би можел да запре пред 2050 година.

СЕ ИЗОЛИРАМЕ

Пандемијата ни ја одзеде слободата да се движиме без грижи, патувањата станаа комплицирани и често се откажуваат. Станавме повеќе „затворени“ во своите земји, и многу повеќе затворени дома – и тоа не само кога се во прашање празниците, туку и кога е во прашање дружењето со пријателите или одењето во ресторани – накратко, социјалниот живот значиелно опадна. Дали е во тек процес на деглобализација?

НЕ ИМ ВЕРУВАМЕ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ

Според повеќе нови истражувања од различни страни на светот, луѓето изразиле најголема доверба во лекарите како најсигурни професионалци, а научниците – кои пред пандемијата го имаат водечкото прво место – сега се на одличното второ место. Политичарите пак, сега се наоѓаат на дното на рангирањето.

НЕ ПРАВИМЕ ДОВОЛНО ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КЛИМАТСКАТА КРИЗА

Прво се надевавме дека намалувањето на емисиите на CO2 е случајна и неочекувана позитивна последица на здравствената криза; но набргу потоа, сепак, стана јасно дека годините на загадување не можат да се надминат со неколку месеци домашна изолација, а Самитот COP26 одржан минатиот ноември во Глазгов, испрати прилично трагична слика за климатската иднина на нашата планета. Ако не побрзаме да дејствуваме, следниот предизвик на човештвото нема да биде за идната пандемија, туку за опстанокот на човечкиот вид на Земјата.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....