18.2 C
Скопје
04:47 - 30 јули, 2026

Тереза Кесовија официјално ја завршува кариерата: Ова ѝ е желбата пред да го остави микрофонот

Тереза Кесовија

Пејачката Тереза Кесовија (87) се збогува со својата публика, но изјави дека би сакала да одржи уште три концерти. Таа истакна дека смета дека дошло времето да се повлече.

Тереза отворено зборуваше за своите планови, но призна дека не е сигурна дали ќе успее да ги реализира, поради здравствената состојба.

„Тоа е моја желба, но ќе видиме како ќе биде. Ме боли ‘рбетот, ме боли коленото, сè е поврзано, но можам сè уште да пеам. Сакам да се збогувам од публиката со песна, но, повторувам, ќе видиме. Се надевам дека ќе најдам сили, само треба физички да издржам, со помош на стап или столица на сцената, нема проблем,“ – изјави Тереза.

Таа замислила нејзините последни концерти да бидат во Дубровник, Љубљана и Загреб.

Тереза се потсети и на еден од своите настапи од пред неколку недели, кој го опиша како еден од најубавите и најемотивните во нејзината кариера, а пеела на венчавката на својата внучка Мила.

„Беше навистина посебно, многу емотивно. Имаше многу гости и преубава церемонија. Мила беше прекрасна, тоа беше неверојатно. Таа и нејзиниот сопруг Филип оделе на часови по танц, и во еден момент тој ја подигна над глава, а јас само помислив: ‘Не ми ја пуштај сега’“ – раскажува Тереза со насмевка.

„Морам да го пофалам Филип, добар и вреден момче. Многу ми е драго поради овие двајца млади луѓе.“

 

Слични објави

Аца Амадеус е во врска со 23 години помладата пејачка Барбара Бојовиќ: „Конечно ја најдов љубовта на мојот живот“

Еспресо

Лазар Бараков ги стави на страна несогласувањата со Гоце Тодоровски и емотивно се прости од него

СП.

(Видео) Теа Таировиќ со емотивна порака по настапот во Будва: „Ви благодарам што ме сакате и дебела и слаба, боса и облечена!“

Еспресо

Златко Јовановски: „Сум одбил да креирам за македонски јавни личности кои барале фустан гратис“

Еспресо

(Фото) Гаги и Ѓоле Ѓогани покажаа кој е во подобра форма: Разликата меѓу нив е повеќе од една деценија, а изгледот ги воодушеви фановите

apostolova

„Долго размислувам да посвојам дете“: Индира Левак за борбата за потомство и желбата да стане мајка

Е.А.
Се вчитува....