20:07 - 7 ноември, 2026

Тепачка за пари: Лиза Мари Присли ја тужела мајка си за милион „незаработени“ долари, Присила сега пак е на суд – го поништува амандманот од ќерка си

Да беше жив Елвис Присли, веројатно ќе умреше од шок од тоа како неговото наследство предизвикува толку многу судски процеси меѓу двете љубови на неговиот живот, Присила, и неговата покојна ќерка Лиза Мари.

Неодамна откриената тужба покажува дека Лиза Мари ја тужела Присила затоа што добивала стотици илјади долари годишно од Елвис Присли Ентерпрајс без да има никаква позиција таму.

Пред неколку години, кога Лиза Мари Присли го тужеше нејзиниот поранешен деловен менаџер, Бери Сигел, за „небрежност“ во работењето со нејзините пари, таа тврдеше дека тој ѝ дозволил на нејзината мајка да има приход од неколку стотици илјади долари (поточно, нешто помалку од милион долари годишно) од компаниите на нејзиниот татко без таа да има било-каква позиција во компаниите.

Во тужбата, адвокатите на неодамна починатата ќерка на кралот на рокот истакнаа дека нејзината мајка, Присила, била платена „и покрај фактот што таа не поседува дел од ЕПЕ или не извршува каква било работа на извршно ниво што би ја оправдало платата.“, се вели во тужбата, до која дојде британски „Пејџ Сикс“.

Присила поднесе тужба оваа недела за да го поништи амандманот на доверба на Лиза Мари од 2016 година, кој го отстрани нејзиното име и името на Сигел како содоверители.

Вдовицата на Елвис тврди дека амандманот е лажен и како доказ наведува сомнителен потпис од нејзината ќерка и погрешно пишување на нејзиното име.

Сепак, тука е ќерката на Лиза Мари, актерката Рајли Киу, која има 33 години и сега е таа која треба да биде управител на имотот на нејзиниот дедо по смртта на нејзината мајка.

А потоа, тука се и ќерките близначки на Лиза Мари, Финли и Харпер (14), кои сега се корисници на имотот.

„Денес на Лиза ќе и беше 55-ти роденден. Мојата желба е да ги заштитам моите три внуци и да го задржам нашето семејство заедно“, рече Присила во соопштението објавено во средата.

„Од првиот момент кога ја држев Лиза во раце, ја заштитував, сакав и водев… Нашите срца се скршени и морам да научам да живеам без мојата единствена ќерка“, забележува таа.

 

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....