9.8 C
Скопје
15:09 - 31 март, 2026

Татко му си го одзема животот, раната не ја излечи, а ова специјално нешто познатиот пејач го направи за Маја Оџклиевска

Една голема трагедија го одбележа животот на познатиот пејач, откако татко му си го одзема животот кога бил дете.

Пејачот Бојан Маровиќ неодамна ја отвори својата душа во емисија за загубата на својот татко, кој си го одзеде животот. Тој стекна популарност уште како многу млад, откако победи на фестивалот  „Сунчане скале“, но тажна судбина го следеше од 16-годишна возраст.

„Никогаш немав време да му кажам толку многу работи што би му ги кажал. Сум се родил кога моите родители биле многу млади, па кога го загубив татко ми, не го загубив само татко ми, туку и пријател.

Татко ми се самоуби. Тоа бил момент, не било планирано. Но, знам дека не го сакаше тоа, тоа беше само момент на слабост. Сите ги имаме, кога ти е преку глава од сè. Кога го испраќавме во вечниот дом, тогаш половина од мене си замина.

Никогаш не закрепнав од тоа. Лага е дека времето ги лечи раните. Многу пати доаѓав на неговиот гроб и зборував за тоа што ме мачеше. На почетокот се прашував зошто и како се случило тој да си го одземе животот, но како што минуваат годините, сфаќаш дека морало да биде така. Бев малку лут некое време, бидејќи мислев дека требаше да биде со мене, но му простив за сè“, рече Бојан.

На едно поново видео на неговиот инстаграм-профил тој сподели како пее со нашата Маја Оџаклиевска. Маровиќ настапувал во ресторан, и кога ја видел Маја рекол дека му е чест што е негова гостинка, па запеале заедно.

Маја Оџаклиевска инаку се повлече од сцената пред многу години, но Бојана Маровиќ успеал да го стори тоа што многумина не успеале, да ја натера повторно да запее.

Фото / Инстаграм

Слични објави

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin
Се вчитува....