10:29 - 8 ноември, 2026

„Таа расфрлаше пари, а јас ги собрав“: Разбојникот кој ја ограби Ким Кардашијан вели дека не требало да се „фали со богатството“

Членот на криминалната банда која украде накит од 10 милиони долари од Ким Кардашијан во 2016 година кога таа пристигна во Париз на Модната недела, изјави дека не се кае за својот чин.

Јунис Абас, кој помина две години во затвор, изјави за VICE News дека Ким требало да биде „помалку ефектна“ и помалку да се „фали“.
– Таа расфрлаше пари, а јас ги собрав, тоа е се. Дали се чувствувам виновен? Не, не ми е гајле.

Тој истакна дека многу луѓе кои живеат во сиромаштија се испровоцирани од такви постапки.

– Таа треба помалку да се покажува пред луѓето кои не можат да си го дозволат тоа. Некои тоа го сфаќаат како провокација, додава Абас.

Инцидентот се случил пред шест години: разбојници упаднале во собата на Ким и и ставиле пиштол на глава, по што ја врзале, ја заклучиле во бањата и од собата украле накит вреден 10 милиони долари.

– Ме фатија за нозе и ме одвлекоа до креветот, немав облека на себе. Во тој момент помислив дека ќе ме силуваат. Веќе се помирив со ова, но, за среќа, тоа не се случи. Ме врзаа и ми вперија пиштол. Мислев дека ќе ми пукаат право во глава. Постојано велев: “Ќе умрам, нели? Ќе умрам? Оставете ме жива, имам деца!”, своевремено емотивно изјави Ким Кардашијан. Таа се плашела дека нејзиниот живот е во вистинска опасност.

Инцидентот не бил без последици за Ким: после тоа, таа почнала лошо да спие и почнала да се плаши да биде сама, па дури била принудена да побара стручна помош.

 

Слични објави

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо
Се вчитува....