31.3 C
Скопје
12:04 - 21 јуни, 2026

СЗО Европа: „Се зголемуваат случаите на мајунски сипаници меѓу жените и децата“; Гебрејсус предупредува: „Мажи, намалете го бројот на партнери“

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска им препорача на мажите кои се изложени на ризик да заболат од мајмунски сипаници да размислат за намалување на бројот на сексуални партнери.

Тој додаде дека досега 98 отсто од случаите на инфекција се откриени кај хомосексуалци и бисексуалци и ги повика оние кои се изложени на ризик од инфекција да преземат чекори за да се заштитат.

„За мажите кои имаат сексуален однос со мажи, тоа значи дека тие носат сигурни одлуки за себе и за другите. Тоа значи дека засега треба да го намалат бројот на сексуални партнери“, вели Гебрејесус.

Инаку, Европскиот регион на Светската здравствена организација, кој вклучува 53 земји во Европа и Централна Азија, останува епицентарот на тековната епидемија на мајмунски сипаници, забележувајќи „огромно мнозинство“ пријавени инфекции. Во овој регион, „епидемијата се шири брзо, со 37 земји/области засегнати до денес“ од циркулацијата на вирусот на мајмунски сипаници, со докази за континуиран локален пренос.

Од 13 мај до 22 јули има речиси 12 илјади веројатни или потврдени случаи, од кои 8% барале хоспитализација. Иако мажите кои имаат сексуален однос со мажи остануваат најпогодени, „инфекциите кај другите популациски групи, вклучително и жените и децата, од кои некои може да бидат ранливи на потешки форми, се во пораст, иако сè уште бројот е минимален“. Ова го подвлече регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, откако здравствената агенција на ОН ги прогласи мајмунските сипаници за вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење.

Клуге потсетува дека во африканските земји, мајмунските сипаници бележат случаи, па дури и смртни случаи со децении, оваа година 5 (наспроти ниту еден пријавен смртен случај досега во европскиот регион), вклучувајќии  деца, стари лица и луѓе со претходни болести. Кај здрави субјекти, мајмуните сипаници, од друга страна, се инфекција која не е животозагрозувачка.

Слични објави

Бојан Илиевски е победник на 19. сезона на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ искрена за „Ѕвездите на Гранд“ — многу сум образована и не го брукам својот народ

apostolova

Дневен хороскоп за 21 јуни: Пред вас е ден полн со предизвици, бидете внимтелни

apostolova

„Мојата мајка не ни дозволуваше да носиме црно…“: Гога Секулиќ си ја отвори душата за големата загуба

Еспресо

(Фото) Бил на Калемeгдан: Рики Мартин покажа како си поминал во Белград и Пула

Еспресо

Вашата љубовна приказна заслужува магичен почеток – „Magic moments“ за свадба од соништата

apostolova
Се вчитува....