21:21 - 29 ноември, 2026

Свршеницата на Лука Дончиќ ги избриша фотографиите со кошаркарот, фановите збунети – „Дали е готово?“

Кошаркарската ѕвезда Лука Дончиќ и неговата свршеница Анамарија Голтес се најдоа во центарот на вниманието на јавноста откако фановите почнаа да шпекулираат за можни проблеми во нивната врска. На социјалните мрежи се појавија коментари дека парот можеби се разделил, поради невообичаени постапки на двојката на Instagram.

Имено, фановите забележаа дека Голтес во тишина ги избришала фотографиите со Лука од својот профил. „Ги избриша љубовните моменти и секоја објава со него, официјално е готово“, напиша еден фан. Некои истакнаа дека словенечката манекенка ја избриша и објавата каде биле прикажани нивните свршувачки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANAMARIA (@anamariagoltes)

„Го тргна прикачениот пост каде што таа беше запросена за роденден“, истакна еден обожавател.

Овие коментари предизвикаа лавина реакции и поделени мислења. Додека некои сметаат дека проблемите во врската се поврзани со животот во Лос Анџелес, други тврдат дека нема да веруваат во шпекулациите без официјална потврда.

Иако Анамарија ги избриша скоро сите објави во кои го споменуваше Лука, во саботата му честита роденден јавно, а и натаму се следат на InstagramИнстаграм. Сепак, честитката беше во втор план поради објавите кои таа ги сподели уште во јануари. Во нив ги покажа моменти од својот живот од 2016 до 2026 година, а меѓу фотографиите нема ниту една со славниот кошаркар, со кој, според шпекулациите, започнала врска во 2016 година.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....