22:04 - 9 ноември, 2026

Супермоделите се простија од Пако Рабан: „Отсекогаш сакавме да ја носиме твојата облека…“

Карла Бруни, Хелена Кристенсен и други супермодели му оддадоа почит на модниот дизајнер Пако Рабан, кој почина на 3 февруари.

Легендите на модните писти му посветија објави на Инстаграм на покојниот мајстор на модата.

„Почивај во мир Пако“, напиша супермоделот, сопруга на поранешниот француски претседател Никола Саркози, Карла Бруни. Овие зборови поранешната прва дама ги надополни со архивски фотографии од ревиите на Пако Рабан, во кои учествувала во младоста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carla Bruni (@carlabrunifan)

„Ти благодарам за твојата уметност, за толку брилијантниот и уникатен дизајн. Отсекогаш сакав да ја носам твојата облека“, напиша Хелена Кристенсен. Данскиот супермодел објави и неколку снимки од модната писта.

„Икона засекогаш“, напиша бразилскиот супермодел, поранешниот ангел на Викторија Сикрет Изабели Фонтана.

И британската манекенка Адвоа Абоа го нарече починатиот моден дизајнер „еден од најдобрите“.

Сочувство за смртта на Пако Рабан изразија и Хелена Кристенсен, Имаан Амам, Стејси Мекензи, Алексина Греам, Жизел Оливеира и многу други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Femme Agent (@femme.agent)

Веста за смртта на Пако Рабан ја соопштија претставниците на Домот на Пако Рабан на 3 февруари. Беше објавено дека модниот дизајнер починал во својот дом во селото Портсал, во северозападна Франција, но причината за смртта не беше именувана. Модниот гениј не го дочека роденденот само  за две недели – на 18 февруари ќе наполнеше 89 години.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....