19:37 - 27 август, 2026

Старински рецепт за највкусниот ајвар што досега сте го пробале

Ајварот, како намаз и како прилог на трепезата, со право се нарекува крал на зимската кујна. Ако се уште не сте се обиделе сами да го подготвите во домашни услови, пробајте го овој рецепт со кој нема да имате „утка“.

Намирници

10 кг црвени пиперки

3 кг модар патлиџан

2-4 лути пиперки (по вкус)

3 лажици алкохолен оцет

2 главици лук

1 л + 2 дл сончогледово масло

сол по вкус – околу 5 лажици, но не претерувајте, постепено додавајте сол и при секое додавање дегустирајте.

Подготовка

Измијте ги пиперките и добро исушете ги, печете ги во рерна на решетки или на лим на 225 степени додека луспата стане румена и почне да се одвојува од пиперките. Извадете ги пиперките од рерна и покријте ги со сува, чиста крпа за полесно да се лупат. Оставете ги покриени околку половина час, додека се оладат. Потоа, пиперките излупете ги и исчистете ги од семки и дршки.

Во меѓувреме, почнете да ги печете модрите патлиџани на иста температура како и пиперките, во зависност од големината се печат околу половина час до 40 минути. Кога ќе се изладат излупете ги па заедно со пиперките смелете ги на машина за мелење месо, или пак во блендер.

Во голем сад загрејте 1 литар масло, па додадете ја смесата од пиперки и патлиџани. Варете 2-3 часа на умерена температура со постојано мешање додека ајварот добие густина која ја посакувате. Пред крајот додадете ги зачините по желба.

Претходно измиените тегли стерилизирајте ги во рерна загреана на 100 степени. Откако ајварот ќе биде готов додека е врел претурете го во стаклените тегли, оставајќи на врвот празен простор од околу 1 см.

Во посебен сад загрејте уште 2 дл масло, па секоја тегла полна со ајвар прелијте ја на врвот со маслото колку да го покрие ајварот. Потоа со чистите капачиња затворете ги теглите, па завиткајте ги во ќебе и оставете потполно да се изладат. 24 часа подоцна ајварот може да го ставите во фрижидер, на ладно и темно место.

Слични објави

Џина Џиновиќ откри детали од патувањето во Грција со Мајка ѝ и очувот

Е.А.

Марко Марк замина на Бали: Ова е местото каде што се открив себеси

apostolova

Мелина Џиновиќ направила скандал во Монте Карло поради чанта во престижен бутик: „Почна да вика, колешката поради голем стрес мораше да земе боледување“

Т.Ц.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Што е перзистентниот форамен овале

Еспресо

Љубовни искри од сцената: Анета Љумаковска со сопругот на „Охрид фест“ – песната „Срцево те бендиса“ веднаш влегува во уво

Еспресо

Богатството на Доли Партон се проценува на 450 милиони долари: Кој ќе ја наследи империјата?

Т.Ц.
Се вчитува....