14:04 - 29 ноември, 2026

Српската пејачка со патерици во јавност, има тешкотии со одењето по операцијата

Српската пејачка Маја Маријана имала итна операција по несреќата што неодамна ја доживеала, а сега успешно се опоравува и продолжила да работи. Откако го скршила зглобот, таа сега првпат се појавила во јавност.

Маја била оперирана поради фрактура на зглобот на глуждот на три места, а процедурата е извршена во Ортопедскиот институт „Бањица“. Иако мислела дека во прашање е ситниц, се покажало дека е многу посериозна работа.

Сега се појавила во јавност за првпат два месеца по операцијата. Пејачката дошла на еден настан и се движела со тешкотии користејќи патерици.

Лицето го сокрила зад темни очила и носела долг, црн капут, но и покрај тоа, била насмеана.

– Ви благодарам за интересот, добро сум, посветена на закрепнување и што побрзо враќање на нозе. За жал, го скршив глуждот на три места, ме оперираше исклучителен ортопед, д-р Зекиќ, во Ортопедскиот институт „Бањица“, па сигурна сум дека ќе бидам како порано – рекла Маја Маријана.

– Маја се повреди на 30 септември. Умираше од болка, а ситуацијата беше нималку безопасна. На почетокот мислеше дека не е ништо сериозно, но кога слушна дека мора да се подложи на операција, беше шокирана. Беше оперирана во Бањица пред неколку дена, поточно на 7 октомври, и сè помина во најдобар ред – рекол тогаш извор близок до Маја и додал:

– Сега ја чека период на одмор и закрепнување за повредата правилно да заздрави. Таа нема да се појавува извесно време, туку ќе одмора дома опкружена со најблиските.

 

Слични објави

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.
Се вчитува....