11:14 - 5 декември, 2025

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Јазли на тироидната жлезда

Цистите честопати може повторно да се појават и доколку се големи или со сомнителна клеточна содржина, треба истите хируршки да се отстранат.

Со аспирација на клетки од јазолот, ќе се добие материјал за цитопатолошка анализа која ќе ја утврди генерално бенигната или малигната промена на јазолот, со насочување на понатамошниот тек на лекување.

Тироидната жлезда е сместена на предната страна на вратот и се состои од два лобуси кои се поврзани со истмус. Нарушувањата на тироидната жлезда може да бидат од морфолошки и функционален аспект. Морфолошките или нарушувањата во структурата на жлездата се манифестираат како нодуларни или цистични промени. Тие најчесто се евидентираат при случаен ултрасонографски преглед на вратот од некоја друга причина.

Ултразвукот е метода која се користи за откривање и следење на цврстите или цистични формации во тироидната жлезда. Околу една третина од нодусите/јазлите кои може да се идентификуваат со допир се тироидни цисти. Димензиите може да бидат различни, а содржината најчесто е колоидна течност, која во зависност од густината, доколку се аспирира (се отстрани со помош на шприц), истите јазли/цисти може да се намалат. Она што е важно да се знае е дека цистите честопати може повторно да се појават и доколку се големи или со сомнителна клеточна содржина, треба истите хируршки да се отстранат.

Солидните/цврсти јазли најчесто се со бенигна природа. Може да бидат единечни или мултипни. Нивното постоење најчесто е асимптоматско, освен доколку не станува збор за голем јазол кој врши притисок на душникот или голтникот, бидејќи во тој случај пациентот има отежнато дишење или голтање. Ултрасонографските карактеристики се многу важни за следење на промените на самиот јазол. Доколку јазолот уште на самиот почеток има некои ултразвучни елементи кои поставуваат сомнение за природата на самиот јазол, или доколку со текот на времето настанале промени во димензиите или карактеристиките, тогаш се поставува индикација за тенкоиглена аспирациона биопсија на јазолот на тироидната жлезда (ФНАБ). Со аспирација на клетки од јазолот, ќе се добие материјал за цитопатолошка анализа која ќе ја утврди генерално бенигната или малигната промена на јазолот, со насочување на понатамошниот тек на лекување.

Карциномот на тироидната жлезда е најчестото малигно заболување на ендокриниот систем. Диференцираните тумори како папиларниот карцином или фоликуларниот карцином на тироидната жлезда, често може да се излекуваат. Прогнозата е најдобра кај пациентите кај кои заболувањето е откриено во рана фаза. Анапластичниот карцином е агресивен, слабо реагира на третман и е со лоша прогноза. Медуларниот карцином е поагресивен од папиларниот и фоликуларниот карцином, но помалку агресивен од анапластичниот карцином и опфаќа 5-10% од сите типови карциноми на тироидната жлезда.

Лекувањето на карциномите првенствено се состои од хируршка интервенција.

Во Клиниката „Жан Митрев“ има можности за сето тоа навремено да се идентификува, дијагностицира и правилно третира. Лекарите од Клиника „Жан Митрев“ Ви стојат на располагање за сите подетални информации и услуги. Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484

Комерцијален текст.

Слични објави

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin
Се вчитува....