37.8 C
Скопје
17:25 - 20 август, 2026

Соседите за Бора Чорба: „Доаѓаше во црква на литургии, се молеше за своето здравје“

Луѓето од комшилакот на Бора Чорба сведочат дека во изминатиот период рокерот често ја посетувал православната црква Свети Кирил и Методиј во главниот град на Словенија.

Бора Ѓорѓевиќ веќе неколку дена се наоѓа во Клиничкиот болнички центар во Љубљана, каде е хоспитализиран поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест. Сите се заинтересирани за здравствената состојба на Бора Чорба и фановите ширум регионот се молат за неговото здравје.

Луѓето од населбата во која живее Бора Чорба сведочат дека во изминатиот период рокерот често ја посетувал православната црква Свети Кирил и Методиј во Љубљана. Неколку верници потврдија дека го виделе Бора во оваа црква.

-Ние како српска заедница овде во Љубљана секој ден се молиме Бора да ни биде подобар и да продолжи уште долго да не расположува со своите стихови и специфичниот хумор што му го дал Господ. Сите знаеме дека е многу лошо, но веруваме во Господа дека ќе излезе победник од оваа болест. Го глеавме Бора овде во црквата, доаѓаѓе на литургии, но и вака преку ден, да запали свеќи и да се моли за неговото здравје – вели еден од соговорниците за српски Курир.

Сожителот на Бора од Чачак, кој исто така со децении живее во Љубљана, е загрижен за здравјето на рокерот, но откри дека фронтменот на „Рибља чорба“ поради болеста го променил долгогодишниот начин на живот:

– Мојот сонародник Бора во последно време многу се промени. На подобро! Откако живее овде и откако стана словенечки зет, живее потивок и позатскриен живот. Престана да пие и да пуши, знам дека пиеше само чај. Дубравка го воведе во помирно пристаниште, таков народ се Словенците. Таа му даде нова инспирација да создава и пишува. Сè што напиша во последно време беше посветено на неа. Сите овде го сакаат и го почитуваат како сограѓанин. Ги имаше тие неколку тешки пневмонии, не зборуваше и не прифаќаше дека е тешко болен, а сега тоа си го направи своето. Ние од Чачак сме силни, по природа сме борци, се надевам дека ќе победи и овој пат – вели сонародникот на Бора.

Жителите на главниот град на Словенија имаат само добри работи да кажат за познатиот рокер. Особено го сакале соседите со кои со години живее во населбата Шишка.

 

Слични објави

(Фото) Згодната сопруга на Милош Биковиќ во тесно трико направи хаос на Инстаграм

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: DISE – прецизно откривање на причината за ‘рчењето и слип апнеа

Еспресо

Мала Цана изнесе тешки обвинувања против ќерките на Андрија Бајиќ: Тврди дека доживеала физичко и вербално насилство

E.A.

(Фото) „Сестринска моќ“: Наташа и Кристина Беквалац уживаат на луксузна јахта на Миконос

Еспресо

„Се обидовме, не успеавме“: Душко Тошиќ јавно го потврди раскинувањето со Нора

Еспресо

Македонската водителка Нина Ред со моќна порака за простувањето: „Не смееме цел живот да се казнуваме, заслужуваме мир“

Еспресо
Се вчитува....