03:31 - 12 јули, 2026

Соседите во Калифорнија ја нарекоа Меган Маркл „Принцезата од Монтесито“ поради нејзиниот нов начин на живот

Откако се преселија во Лос Анџелес – што беше враќање дома за Меган, која пораснала таму, парот уживал во вечери во луксузни ресторани и поминување време во елитниот клуб Santa Barbara Polo & Racquet, каде што членството чини повеќе од 8.000 фунти месечно.

„Деновиве сакаат поскапи места како Cecconi, Sunset Tower, Sugarfish или Lucky’s steakhous во Монтесито, кој нејзе и на принцот Хари им го препорачала Опра Винфри“, вели извор за британскиот магазин Closer и додава дека поранешната актерка полека обликувала нов стил на живот, поради што мештаните ја нарекуваат „Принцезата од Монтесито“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lucky’s (@luckys_steakhouse)

„Ако оди на ручек или вечера во Беверли Хилс или Западен Холивуд, обично ќе се јави однапред и ќе побара маса што е целосно одвоена од другите“, тврди изворот.

Некои од нејзините омилени активности вклучуваат планинарење со нејзините кучиња, Пул и Гај.

„Меган сака да шета низ Лос Анџелес по истите планинарски патеки што ги посетувала порано“, тврди изворот.

Меган и Хари изградиле нови пријателства откако се преселиле во Монтесито, каде што исто така живеат многу познати личности, вклучувајќи ги Елен Деџенерис, Серена Вилијамс, Орландо Блум и Кети Пери, но парот поголемиот дел од времето го поминува зад затворени врати со своите две деца: синот Арчи и ќерката Лилибет.

„Хари станува во зората и ги храни, ги мие и ги облекува децата. Меган често е многу зафатена со повици на Зум или со состаноци во Лос Анџелес, на кои Хари често ја вози. Потоа се враќа кај децата што е можно поскоро бидејќи не сака да ги остава со бебиситерки“, изјавил изворот за Closer.

Инаку, поранешните членови на кралското семејство неодамна беа забележани како се возат со автомобил кон луксузниот имот во сопственост на славната Опра Винфри. Веста за посетата на познатата водителка многумина ја протолкуваа како уште едно можно експлозивно интервју на поранешните војвода и војвотка од Сасекс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vivi Na Visa Vyake (@vivinavisavyake)

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....