12:09 - 8 ноември, 2026

Со токсиколошка анализа откриено од што починал 44-годишниот Видое Ристовиќ

Сопругот на Никола Пишек, Видоје Ристовиќ, ненадејно почина на 8 мај 2022 година во Белград на маса за масажа. Хрватската водителка во тоа време била во Загреб. Српските медиуми пренесуваат дека пристигнале резултатите од обдукцијата.

Со комисиско вештачење на Институтот за судска медицина е утврдено дека смртта настапила на 08.05.2022 година во 00.22 часот поради воспаление на срцевиот мускул, најверојатно од вирусно потекло.

Токсиколошката анализа утврдила дека Ристовиќ бил во тешка алкохолизирана состојба, имал дури 2,83 промили во крвта. Консумирал и лекови (седативи), но во количини кои не биле доволни да предизвикаат смрт.

Од анализата не е откриено присуство на наркотици и други недозволени психоактивни супстанции (кокаин, хероин, амфетамини, МДМА и други). Комисиското вештачење го извршиле тројца вештаци, доктори по судска медицина, пренесува српски Курир.

Николина Пишек не сакала да коментира ништо во врска со токсиколошката анализа.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....