5.8 C
Скопје
00:48 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Имате планови за викендов? Најпрво ПОГЛЕДНЕТЕ ја ВРЕМЕНСКАТА ПРОГНОЗА

Како што најавивме утре полека облачноста ќе се зголемува и попладне и навечер ќе има појава на локален дожд. Температурите ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени. И во Скопскиот регион утре полека облачноста ќе се зголемува, додека максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Веќе во недела, како и во почетокот од следната недела под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, ќе имаме значително постудено време со повремени врнежи од дожд, додека на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на повисоките како и на планинските места ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец, додека температурите ќе опаднат дури за повеќе од десет степени и од недела па натаму ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 13 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.

Да напоменеме дека за време на овој влажен и студен воздушен бран, услови за врнежи од дожд и снег ќе има и на некои места со помала надморска височина.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....