02:27 - 9 ноември, 2026

Скандал во Грција – Мицотакис обвинет дека прислушувал министри, бизнисмени и новинари

Министри, сопруги на министри, поранешни функционери, поранешен премиер, членови на опозицијата, бизнисмени и новинари биле прислушувани од кабинетот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, објави грчкиот весник „Документо“.

Како што пишува весникот изворот на листата се „две личности кои имале важна улога во следењето и освен листата, ги знаат и методите и планот“, а „Документо“  имиња на 33 лица кои преку софтверот „Предатор“ и Националната служба за разузнавање (ЕИП) биле прислушувани од кабинетот на грчкиот премиер, во чија надлежност е и ЕИП.

На листата, меѓу другите се и: поранешниот премиер од редовите на Нова демократија Андонис Самарас, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, министрите за развој, туризам и труд, како и нивните сопруги, министерот за финансии, заменик министерот за одбрана, алтернативната владина портпаролка, поранешните министри за заштита на граѓаните итн, но и личности поврзани со големите бизнисмени во Грција, како и лидерот на ПАСОК- Движење на промена.

За методите што се користеле, весникот пишува дека од кабинетот на грчкиот премиер се давале директни наредби до Националната служба за разузнавање (ЕИП) и „ова беше и причината зошто лично премиерот Кирјакос Мицотакис ја презеде ЕИП“, а со одлука од обвинител „поради национална безбедност“ било давано зелено светло за прислушување, кое траело кратко за потоа следењето се преземало со софтверот „Предатор“.

– Целта на официјалното прислушување беше да се лоцира со кого има контакти следениот, односно да се откријат неговите чести контакти, а откако ќе се откриеше тоа, следењето го преземаше „Предатор“, пишува весникот.

Повеќето членови на Владата, кои се на листата на „Документо“, во одговор за весникот рекле дека не знаат или дека прв пат слушаат за такво нешто.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....