22:38 - 9 ноември, 2026

Сите му се смејат на фудбалерот Ерлинг Халанд, ама видете каков договор тој потпиша со „Долче и Габана“

Ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд присуствуваше на модната ревија на брендот „Долче и Габана“ во Пуља во источна Италија, па за таа пригода облече прилично впечатлива комбинација што предизвика бројни коментари.

Норвешкиот фудбалер пристигна на ревијата со својата девојка Изабел Јохансен, а оделото во бледосината боја на неговиот клуб, беше „дополнето“ со бели влечки и очила за сонце. Изабел беше во елегантен жолт фустан. Коментарите под објавата главно не беа позитивни за долгокосиот спортист…Некои го споредија со Џорџа Мелони – веројатно исто толку озборуваната премиерка на Италија, но и со екоактивистката Грета Тунберг, според изгледот.

„Џорџа Мелони малку се сменила“, „Влечки од пазар“, „Костум со влечките на баба “, „Мајка ми ги има истите влечки“, „Непријател на модата“, „Не знаев дека Грета Тунберг има сестра“ – се само дел од шегите за фудбалерот.

Западните медиуми, инаку, пренесуваат дека Ерлинг Халанд потпишал договор со „Долче и Габана“ вреден 2,5 милиони евра и оти тој ќе биде нивното ново лице.

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....