02:38 - 8 ноември, 2026

„Штом го запознав му реков дека ќе ми биде сопруг – а тој се смееше“: Теа Таировиќ зборуваше за Иван и откри која песна му ја посветила

Пејачката Теа Таировиќ годинава се омажи за Иван . Теа често истакнува дека нејзиниот сопруг е нејзина најголема поддршка, а пред да започнат романса, тој работел како нејзино обезбедување – што  работи и денес.

Како што откри во емисијата „Амиџи Шоу“, таа знаела дека ќе се омажи за Иван уште моментот кога го видела.

„На мојот маж првиот ден му реков дека ќе ми биде сопруг. Да, еве, прашај го“, рече таа, пренесува „Курир“, и додаде:

„Се смееше, мислеше дека е шега, но јас бев сериозна. Тоа беше една шпанска серија, и ден-денес е шпанска серија. Има една песна што ја напишав врз основа на нашата приказна… Тоа е песната ‘Име ми е љубов’. Ја напишав кога се скаравме, мислев дека никогаш нема да се смириме. Бевме скарани два часа, умирав и ја пишував песната. Два часа – толку му требаше да се јави“.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....