04:44 - 12 март, 2026

Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

хбо нетфликс

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Living With Yourself – Серија на „Netflix“

Егзистенцијална комедија за еден човек по име Мајлс кој е „изгорен“ од животот подложувајќи се на една чудна процедура, третман за да стане подобра личност. Но, тоа само му помага да да открие дека е заменет со нова и подобра верзија од себе.

Жанр: комедија/драма / IMDB оценка: 7.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 80%

The Wolf of Snow Hollow – Филм на „HBO“

Полицаец во еден мал град кој се бори со бракот кој се распаѓа, бунтовната ќерка и својата работа, има задача да реши серија брутални убиства што се случуваат на полна месечина. Додека се обидува да го „фати“ убиецот се бори да не се предаде на паранојата што го опфаќа неговиот мал планински град откако почнуваат да се појавуваат тела на жртви по секоја полна месечина.

Жанр: хорор/трилер / IMDB оценка: 6.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 89%

Hypnotic – Филм на „Netflix“

Чувствувајќи се заглавена и лично и професионално, Џен се обраќа кај познат, но мистериозен хипнотерапевт за помош. По неколку интензивни сесии, таа открива дека е фатена во умствена игра со неочекувани и смртоносни последици.

Жанр: драма/мистерија / IMDB оценка: 5.2 / Rotten tomatoes рејтинг:

Love Life – Серија на „HBO“

Дарби Картер се обидува да ја пронајде љубовта на својот живот во текот на нејзините 20-ти и 30-ти години, честопати на многу погрешни места, додека луѓето што ѝ се појавуваат на патот оставаат траен впечаток.

Жанр: романтична комедија / IMDB оценка: 7.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 65%

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....