-3.2 C
Скопје
03:54 - 19 февруари, 2026

Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Netflix HBO

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Landscapers – Серија на „HBO“

Еден наизглед сосема обичен британски пар се наоѓа во фокусот на необична истрага кога до полицијата пристигнува информација дека две мртви тела се наоѓаат во задната градина на една куќа во Англија…

Жанр: драма / IMDB оценка: 7.3 / Rotten tomatoes рејтинг: 97%

The Unforgivable – Филм на „Netflix“

Рут Слејтер, жена која излегува од затвор по отслужување на казна за насилен криминал, се обидува повторно да влезе во општеството и да ја пронајде својата сестра. Рут се обидува да најде начин повторно да го спои својот живот во свет кој одбива да ѝ прости за случувањата од нејзиното минато.

Жанр: драма/трилер / IMDB оценка: 7.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 40%

The Witcher – Серија на „Netflix“

Вештерот Гералт, мутиран ловец на чудовишта, се бори да го најде своето место во свет во кој луѓето често се покажуваат позлобни од ѕверовите.

Жанр: фантазија / IMDB оценка: 8.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 82%

Dream Horse – Филм на „HBO“

Една шанкерка од Велс одлучува да одгледа и тренира коњ за трки иако го нема потребното искуство, ниту пари. Таа ги убедува луѓето од нејзината заедница да донираат по мала количина пари секоја недела за да го подигнат ждребето.

Жанр: драма/спорт / IMDB оценка: 6.9 / Rotten tomatoes рејтинг: 88%

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....