13.8 C
Скопје
20:57 - 14 мај, 2024

Шакира вртоглаво заработува со нејзините песни за Пике: Ѝ врнат милиони како дожд, еве колку!

Не требаше многу време за првата песна на Шакира насочена со стрели кон Пике, ‘BZRP Music Sessions #53’ да стане хит. Песната достигна дури 122 милиони стримови во текот на првиот викенд од нејзиното објавување. Но и во својот нов хит, кој излезе вчера, познатата пејачка нишани кон поранешниот партнер Жерар Пике и неговата нова девојка Клара Чиа, но овојпат таа е многу поблага и дури чувствителна. Таман „наштимано“ за да ѝ донесе нов дожд на пари!

Утринската емисија на Телечинико „Ел Програма де Ана Роса“ анализираше колку пари Шакира веќе успеала да заработи по објавување на првата песна против Пике. Како што објавија, таа има заработено 512.000 долари од Јутјуб, 500.000 долари од Амазон, 360.000 долари од Спотифај и 1.200.000 долари од Епл.

„Што се однесува до другите неодамнешни песни во кои таа исто така го спомнува Пике, Шакира има заработено околу 15 милиони долари„ – вели новинарката на шпанското телевизиско шоу.

Очекувањата се дека и од новата песна против Пике, која е реазлизирана во дует со колумбијската колешка Керол Џи ќе донесе најмалку околу 4 милиони долари.

Што се однесува до поранешниот дефанзивец на Барселона, тој – благодарение на Шакира која ги спомнува брендовите во песната правејќи споредби на неа и на новата девојка на Пике – потпиша дебел договор со Рено и Касио. Па така Шакира му направи услуга и на Пике, во однос на заработувачката.

Се чини како Шакира и Пике да се натпреваруваат кој повеќе ќе заработи по нивното раскинување. Се очекува заработката на Шакира речиси да се триплира со најновата песна со Карол Џи. А и убаво таа пее во песната преку стиховите – „Немаше среќа затоа што сега богатства врнат за мене“ и „Заработка како спорт, пополнување на сметката, настани, паркинг и пасош“.

Еве што му порачува Шакира на Пике: Превод на македонски на новата хит-песна

 

Слични објави

Надвор од Србија: Јелена Карлеуша откри каде ќе го продолжат своето образование нејзините наследнички

Еспресо

Се огласи „Евровизија“: Вистината за дисквалификацијата на Холандија

еспресо

„Ни упадна во становите“: Марко Миљковиќ дивеел, се огласи соседот кој го гаѓаше со јајца

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ добро се испотила, мокрите хеланки ѝ се залепиле за задникот

Еспресо

Посетете ја изложбата во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје: „Ние имаме природна интелигенција! Не вештачка…“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ наиде на потешкотии по 23 дена пешачење кон Грција: „Пулсот ми е 95, малку ми се приспа“

Еспресо
Се вчитува....