10.8 C
Скопје
06:14 - 11 мај, 2026

Шакира и Луис Хамилтон планираат „романтичен одмор на Карибите“

Колумбиската пејачка Шакира планира романтичен одмор со британскиот Формула 1 возач Луис Хамилтон, пренесува таблоидот The Sun.

Според шпанскиот новинар Жорди Мартин, 46-годишната Шакира и 38-годишниот Луис Хамилтон планираат „романтичен одмор на Карибите“.

„Тие ќе одат заедно на одмор и веќе ја знам дестинацијата. Ова е карипска земја, до која треба околу еден час да се стигне. Познавам луѓе блиски до пејачката. Тие се сретнаа оваа недела, а таа им кажа дека е возбудена и среќна за патувањето“, ги цитира зборовите на инсајдерот The Sun.

Првите гласини за романсата на Шакира и Луис Хамилтон се појавија во мај 2023 година. Папараците ги уловија на средба во ресторанот Cipriani во Мајами, а ден потоа парот излегол на прошетка со јахта.

На почетокот на јуни, возачот на тркачки автомобил ја поканил пејачката да го прослават заедно неговото второ место на Шпанското ГП.

Помина една година откако Шакира по 11 години романса раскина со поранешниот дефанзивец на Барселона и Шпанија, Жерар Пике. Фудбалерот ја напушти пејачката за својата љубовница, 23-годишната студентка Клара Чиа Марти.

По раскинувањето, Шакира се пресели во Мајами со своите синови, 10-годишниот Милан и 8-годишниот Саша.

Слични објави

Има само 18 години, а веќе ги полни клубовите: Младата хрватска пејачка изгледа сензационално

Т.Ц.

Внуката на Арсен Дедиќ има 24 години и тргна по стапките на дедо ѝ: Прилично сум енергична личност сум, едноставно немам мир

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ со остра изјава: „Никој не се радува на успехот на Јаков Јозиновиќ“

Еспресо

Неделен хороскоп: Налет на енергија, комуникација и малку непредвидливост…

Т.Ц.

(Видео) Саша Ковачевиќ паднал од бината на синоќешниот концерт

Т.Ц.

Зорица Брунцлик случајно дознала за страшната дијагноза: „Твојот живот виси на конец…“

Еспресо
Се вчитува....