20:41 - 27 ноември, 2026

Шабан Шаулиќ носел перика цели 10 години – еве зошто! Сопругата на пејачот го отвори срцето

Гордана Шаулиќ, вдовицата на легендарниот Шабан Шаулиќ, за време на гостувањето во една емисија откри и детали за периката која пејачот ја „носел сериозно цели десетина години“.

И покрај тоа што тоа за него било голем товар, долго време не отстапувал од тоа.

– Тој беше на турнеја низ Германија и на иницијатива на Радe Вучковиќ, секако, негов голем пријател… Кога го дочекав на аеродром, видов дека нешто се случило со човекот. Го прашав: ‘Што ти беше тоа потребно?’ Тој рече: ‘Раде ми рече, што има врска’. За него тоа беше голем товар, но го носеше, богами, сериозно цели десет години – истакна таа во емисијата „На крилјата на змејот“.

Подоцна, сепак, одлучил дека е доста.

– Во еден момент посакал да ја извади, тоа беше моментот кога се појави Саша Ѓорѓевиќ, и тој рече: ‘Па добро, ако може Сале, можам и јас’. Така тоа беше една трансформација и мислам дека се ослободи психички од тој товар што го носеше – додаде Гордана, пренесува „Информер“.

 

Слични објави

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо
Се вчитува....