7.8 C
Скопје
05:17 - 29 април, 2024

Сестрата на Кејт Мидлтон ќе биде побогата од неа, а не е мажена за принц, еве зошто

Пипа Мидлтон не се омажи за член на кралско семејство како Кејт, но и покрај тоа, нема на што да и завидува на својата сестра во поглед на наследството. Колкумина знаат дека еден ден ќе стане побогата од војвотката?

Пипа Мидлтон стана позната во 2011 година кога ја придружуваше својата сестра Кејт до олтарот за време на кралската венчавка со принцот Вилијам. Оттогаш таа стана вистинска славна личност, толку многу што при секое појавување во јавноста предизвикува исти реакции како билокој друг член на Виндзор.

Меѓутоа, последниве години, поточно откако се омажи за Џејмс Метјуз, таа повеќе се повлече во приватниот живот, а во јуни минатата година не го ни објави раѓањето на нејзината трета ќерка Роуз. Причината за овој пресврт? Веројатно за да ја зачува приватноста на своето семејство. Таблоидите, сепак, доаѓаат до информации  и открија дека еден ден Пипа ќе може да стане многу побогата од нејзината сестра принцезата Кејт Мидлтон.

Пипа Мидлтон и Џејмс Метјуз се во брак од 2017 година и токму од судбоносното „да“ го споија своето богатство кое достигна околу 36 милиони фунти. Тој е познат претприемач, потомок на лондонски економисти, и отсекогаш се смета за еден од најбогатите луѓе во градот. Таа пак, никогаш не била надмината во однос на богатството: покрај тоа што наследила дел од наследството на буржоаското семејство, таа продолува да заработува, иако компанијата што ја основа во 2013 година, ја затвори во 2017 година.

Зошто наскоро Џејмс и Пипа ќе станат побогати од Кејт и Вилијам? Претприемачот еден ден ќе го наследи богатството на својот татко Дејвид, кој со своите луксузни хотели и бизнисот во автомобилската индустрија изнесува 2,6 милијарди долари.

Претставниците на кралското семејство би биле многу „посиромашни“ од семејството Метјуз-Мидлтон: имотот на принцот Вилијам, на пример, вреди околу 40 милиони фунти, додека оној на кралицата изнесува околу 500 милиони фунти, или четвртина од богатството на Џејмс. Пипа нема да ѝ „завиди“ на нејзината сестра Кејт дури ни за титулата: кога нејзиниот свекор ќе го нема, нејзиниот сопруг ќе наследи замок и ќе стане Лорд на Глен Африк и таа официјално ќе биде грофица. Накратко, Пипа нема за што да се жали: и покрај тоа што не е принцеза, таа сепак може да води многу удобен живот.

Слични објави

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....