19.8 C
Скопје
11:48 - 28 април, 2024

Селена Гомез: Болката и анксиозноста го презедоа кормилото во мојот живот

Селена Марија Гомез е родена на 22 јули 1992 г. во Тексас, а името го добила по трагично загинатата пејачка и актерка Селена.

Кога имала пет години нејзините родители одлучиле да се разведат, а таа останала да живее со мајка ѝ која подоцна се премажила.

instagram

– Бев фрустрирана поради разводот на моите родители и мислев дека светлото на крајот од тунелот никогаш нема да се појави. Мајка ми многу се трудеше да ми обезбеди подобар живот, и денес, кога размислувам за тоа, се плашам од самата помисла што ќе станеше со мене ако останев во Тексас – се сеќава Селена и додава:

– Пред мене мајка ми секогаш се правеше силна. Да родиш дете на 16 години е голема одговорност, а таа на крајот се откажа од сѐ за да ми го посвети животот мене, работејќи и по три работи, само за да ми овозможи добри услови за живот.

Instagram

Селена е одгледувана според католичката вера и на 13 години таа решава да носи прстен на невиност, кој нејзиниот татко го однел во црква за да го благословат.

– Всушност, ме искористи да им даде пример на другите деца дека имам намера да го одржам ветувањето кон себе, семејството и Бог – се присетува Селена.

Прстенот го извадила во 2010 година, а седум години подоцна открива дека верата не ѝ значи толку, колку што ѝ значи нејзиниот личен однос со Бог.

На аудиции почнува да оди прилично рано, а едно од првите звучни имиња со кои го започнува својот пат во шоу-бизнисот е Деми Ловато. Вратите на тој дотогаш за неа непознат свет се отвораат откако ја добива улогата во популарната тинејџерска серија Хана Монтана.

Албумите и турнеите се нижеле, но ретко кој знаел дека во нејзиниот приватен живот не се одвивало сѐ така „сјајно“.

Во 2016 година, за време на светската турнеја „Ривајвл“, Селена ги откажува концертите во Европа и Јужна Америка поради здравствени проблеми, поточно напади на паника, депресија и анксиозност предизвикани од автоимуно заболување лупус и се пријавува на клиника за рехабилитација.

Тогаш одлучува да се фокусира на нејзиното психичко здравје и поради тоа се повлекува од социјалните мрежи. Повторно се појавува во јавност на доделувањето на Американските музички награди, каде што е номинирана во неколку категории.

Болеста ѝ е дијагностицирана помеѓу 2012 и 2014 година, а во 2017 година прави операција за трансплантација на бубрег, која се одвивала во најголема тајност. Таа самата ја откри на Инстаграм преку објавување фотографија од болнички кревет на кој веднаш до неа лежи нејзината најдобра пријателка, актерката Франсија Раиса, која го донирала бубрегот.

Кога станува збор за љубовниот живот, момчињата на Селена Гомез се познати во јавноста. Во 2008 г. беше во врска со Ник Џонас. Врската не траеше долго, а во декември 2010 година Селена започна врска со Џастин Бибер, која уште од почетокот беше исполнета со подеми и падови, а дефинитивно ѝ ставија крај во март 2018 година.

Џастин Бибер набрзо потоа стапи во врска со Хејли Болдвин, додека Селена почна да се забавува со раперот Викенд. Сепак, ни таа врска не опстана.

После тоа Селена уште еднаш се повлече од јавност, пријавувајќи се на рехабилитација за да го подобри психичкото здравје.

– Минатата година патев психички и физички. Не можев да се присилам да се смеам и да се правам дека сѐ е во ред, кога не беше. Имав чувство дека болката и анксиозноста ја преземаа контролата врз мојот живот, тоа ми беше еден од најстрашните моменти во животот. Побарав помош од докторите кои ми ја поставија вистинската дијагноза и тоа ми делуваше истовремено застрашувачки и олеснувачки. Застрашувачки зашто сѐ се откри, а олеснувачки зашто конечно дознав зошто со години се борам со депресија и анксиозност. Иако ова не значи дека тој дел од мојот живот исчезнал, сепак можам да кажам дека после една година интензивна работа на себе сум посреќна, поздрава и конечно ги држам емоциите под контрола – вели Селена.

Хејли Бибер и Селена Гомез покажаа дека ги надминале младешките тензии и зрело продолжуваат да го градат пријателството: „Пресврт на заплетот“

Слични објави

(Фото) Прва проба на Теја Дора на Евровизија: Вака ќе изгледа сценскиот настап на српската претставничка

еспресо

Астропрогноза за недела, 28 април: Девиците да внимаваат на мали нешта, Рибите да почнат да спортуваат

еспресо

Кармичка лекција: Два хороскопски знаци за неколку дена ќе се сретнат со бившите

еспресо

Денес се Цветници, единствен празник на кој треба да се работи

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ собори личен рекорд! Пејачот откри колку километри поминал денеска на пат за Грција, бројката е фасцинантна

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо
Се вчитува....