13.8 C
Скопје
20:06 - 18 октомври, 2026

САМО ЗА НАЈХРАБРИТЕ: Дознајте кога ќе умрете со поглед во вашите очи, научниците тврдат дека мрежницата открива разлика меѓу „биолошка“ и „хронолошка“ возраст

Тим меѓународни научници откри нов, „сигурен показател“ за здравствените проблеми на една личност, оние кои можат да предизвикаат рана смрт. Користејќи техники на вештачка интелигенција, истражувачите ги проучувале очите на речиси 47.000 луѓе и заклучиле дека состојбата на нашата мрежница може да сигнализира дали посоти зголемен ризик од смрт.

Студијата, објавена оваа недела во Британско списание за офталмологија, се заснова на прецизно утврдување на разликата помеѓу нечија биолошка односно „вистинска“ возраст и хронолошка возраст. Ова може да се измери со испитување на состојбата на мрежницата, нервното ткиво во задниот дел на окото кое има клетки чувствителни на светлина.

Научната студија, која само изнесува одредени заклучоци без да ги утврди причините, вклучила податоци од долгорочна студија направена од УК Биобанк. Над 80.000 слики од мрежници направени од 46.969 возрасни на возраст меѓу 40 и 69 години биле анализирани со компјутерски алгоритми во просечен период од 11 години. Бил пресметан процентот на таканаречените „брзо-старечки“, или луѓе чии мрежници изгледале постари од нивната реална возраст.

„Големите разлики во возраста на мреѓниците во годините биле значајно поврзани со 49-67 отсто поголем ризик од смрт, освен од кардиоваскуларни болести или рак“, откриле истражувачите. Тие, исто така, сугерираат дека ова може да се користи како алатка за мерење на возраста на мрежницата за да се предвиди дали постои зголемен ризик од смртност.

Додека очното ткиво природно се влошува како што старее човекот, неодамнешните истражувања велат дека сега постои можност да се измери тоа што се нарекува „разлика во возраста во мрежницата“. Бидејќи биолошкото стареење е уникатно за секој поединец, ова е подобар показател за потенцијални сериозни здравствени состојби, велат истражувачите. Целокупното здравје на васкуларниот систем и мозокот може да се проучуваат со гледање на мрежницата, што овозможува проценка на основните патолошки процеси, пишува РТ.ком

Слични објави

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо
Се вчитува....