12.8 C
Скопје
10:58 - 11 март, 2026

Ретроградниот Меркур ќе ги врати поранешните љубови во животот на овие три хороскопски знаци, подготвени сте да се соочите со „духовите“ од минатото?

unsplash

Ретроградниот Меркур, кој завршува на 2 октомври, е главно астрлошко предупредување за драма со бившите (љубовници, пријатели, па дури и соработници). Тоа не значи дека секој бивши ќе почне да се враќа во вашиот живот, но во овој период повторно се активираат некои поглавја кои никогаш не сте ги затвориле целосно, што особено ќе ги погоди родените во знакот Овен, Шкорпија и Риби.

Овен
Ретроградниот Меркур најинтензивно ќе се одрази на полето на врските. Оние кои се веќ во врска  може да очекуваат недоразбирања со партнерот. Од друга страна, оние кои се „сингл“ може да го очекуваат враќањето на поранешните љубови. Сигурно е дека оние кои некогаш сте ги сакале и оние кои продолжиле да ве сакаат се некаде во близина. Тие само чекаат повторно да се појават во вашиот живот, но дали и вие сте подготвени за тоа?

Шкорпија
Оваа „ретроградност“ кај Шкорпијата претставува многу емотивен транзит и можете да очекувате да се справите со минати врски, проекти и работи од кои никогаш не сте се откажале целосно. Иако сеќавањето на поранешните љубови и соработници ќе биде многу бурно, обидете се да го сфатите како можност конечно да ставите крај на некои недовршени „проекти“ од минатото.

Риба
Кога станува збор за Рибите кои се во врска, во овој период постои нерамнотежа и на нив останува повторно да го пронајдат балансот и разбирањето со партнерот (многумина и навистина ќе успеат во тоа). Ова главно се однесува на тоа колку еден од партнерите „вложува“ во врската – дали и двајцата сте искрени, отворени? Ако не, сега е време да разговарате за работите и да најдете решение. Доколку не успеете во тоа, можеби ќе сакате да раскинете и да дозволите сепак, „духовите“ од минатото да ви се вратат.

Слични објави

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо
Се вчитува....